Рецепт: Вкусни Рудолф бисквити за големи и мали

Никој не може да им одолее на нежните, крцкави бисквити кои мирисаат на ореви и чоколадо. Многу лесно ќе ги направите, а не заборавајте да ги вклучите и најмалите во подготовката.

Рецепт: Вкусни Рудолф бисквити за големи и мали

Потребни состојки:

  • 200 г брашно
  • 100 г шеќер во прав
  • 100 г мелени ореви
  • екстракт од ванила
  • 200 г стопен путер на собна температура
  • 1 јајце
  • нутела или фил по желба

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите горенаведени состојки во сад и замесете тесто. Многу е важно сите состојки да се многу ладни.
  2. Завиткајте го тестото во фолија за храна и ставете го во фрижидер околу 30 минути.
  3. Изладеното тесто развлечете го тенко на набрашнета површина и со мал калап исечете кружен облик. Направете повеќе, а потоа ставете ги бисквитите на плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, околу 10 минути.
  4. Изладете ги, пополнете ги со фил по желба и нацртајте го Рудолф.
  5. За Рудолф ви треба чоколадо што ќе го стопите на тивок оган. Ќе ви треба и чепкалка за заби и црвени мали бонбони.
  6. Користете чепкалка за заби потопена во чоколадо, нацртајте линии на бисквитите во облик на Рудолф и залепете црвена бонбона на местото каде што ќе биде носот.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за вкусна орео торта од само 5 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар