5 одлични документарци за храбри и инспиративни жени

Доколку сте расположени да направите пауза од гледањето на вашите омилени ТВ серии и да ја поминете неделата на малку поинаков начин, сигурно ќе ви се допадне нашиот предлог. Заменете ги моменталните филмски хитови со поучни документарци! Ние ви ги препорачуваме следниве 5 документарни филмови кои ги прикажуваат животите и делата на неколку извонредни жени…

5 одлични документарци за храбри и инспиративни жени

1. „Што се случи госпоѓице Симон?“, 2015 година (What Happened, Miss Simone?)

Филмот ги прикажува раните години на Нина, кога ја добила титулата „возвишена свештеничка на соул музиката“, но и нејзините подоцнежни желби да учествува во движењето за граѓански права во текот на 60-тите години.

2. „Маја Ангелоу: И сепак се издигнувам“, 2016 година (Maya Angelou: And Still I Rise)

Филмот го опфаќа целиот неверојатен живот на оваа поетеса и активистика, вклучувајќи ги и нејзините позначајни интервјуа, листа на познавачи на нејзините дела, како и многу архивски снимки, со цел да ја доближи искрата на оригиналната и креативна Маја Ангелоу.

3. „Непремолчено: Глорија Вандербилт и Андерсон Купер“, 2016 година (Nothing Left Unsaid: Gloria Vanderbilt & Anderson Cooper)

Родена во едно од најбогатите и најпознатите семејства во Америка, Глорија Вандербилт живеела под лупата на јавноста речиси 90 години од нејзиниот живот.

4. „Џоан Дидион: Средиштето нема да издржи“, 2017 година (Joan Didion: The Center Will Not Hold)

Познатата авторка Џоан Дидион ѝ ја отворила вратата на јавноста и ја споделила нејзината животна приказна во овој неверојатно трогателен документарен филм.

5. „Дијана Вриленд: Окото мора да патува“, 2011 година (Diana Vreeland: The Eye Has to Travel)

Нејзината појава во модната индустрија беше еден од најдобрите потези во историјата на модата. Нејзината смисла за стил стана безвременска. Овој документарен филм го прикажува нејзиниот живот и нејзината работа.

Кога ќе ги изгледате овие документарци, ние ви предлагаме да ги погледнете и следниве топ 7 документарни филмови.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар