Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

Во денешно време жените почнуваат да доминираат во многу животни области и почнуваат да се занимаваат со работи кои порано биле незамисливи според општеството. Темите кои некогаш биле табу, сега се секојдневие и сѐ повеќе се зборува за сексуалната рамноправност помеѓу мажите и жените. Иако сѐ уште постојат поделени мислења во врска со ова прашање, денес не е никаква тајна дека и жените уживаат во сексот и истиот редовно го практикуваат. Според тоа, воопшто не е чудно што и тие носат презервативи, туку напротив може да се смета за многу позитивна работа.

Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

Сепак многу млади девојки се срамат да носат кондоми со себе, бидејќи се плашат за тоа каков впечаток ќе остават. Сметаат дека ќе бидат осудени и дека момците ќе се почувствуваат загрозено ако дознаат дека и девојката е исто толку подготвена да има секс колку и тие. Меѓутоа, според една анкета машките реакции се сосема поинакви. Можеби ќе се изненадите, но ова се мислењата на момците за девојките кои со себе носат презервативи…

Тие се самоуверени

„Сметам дека тоа е позитивна работа, бидејќи девојката ја признава нејзината сексуалност, не се срами од неа.“

Тие се опуштени

„Мислам дека тоа е супер. Таа не го гледа сексот како нешто срамно, туку како природна потреба што сите ја имаме.“

Се познаваат себеси

„Според мене, тоа значи дека таа ги познава нејзините морални и етички вредности и водејќи се по нив донела активна одлука да биде одговорна.“

Момците откриваат што мислат за девојките кои со себе носат презервативи

Се грижат за себе

„Секоја девојка мора да се грижи за себе и своето здравје, така што нема апсолутно ништо лошо во тоа да внимава и да се заштити.“

Секогаш се подготвени

„Таа практикува заштитен и сигурен секс, што е супер.“

Тие се одговорни

„Убаво е да се знае дека целата одговорност не ни припаѓа само нам, туку и девојките ја преземаат и носат со себе презервативи.“

Одговорноста за носење презервативи не треба да се дели според полот бидејќи и момците и девојките имаат иста цел: Да имаат сигурен и пријатен секс. Така што, девојки, воопшто не двоумете се дали да понесете презервативи со себе на вашиот иден љубовен состанок, никој нема да ве осудува поради тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар