Со одредени намирници до исончан тен!

Со одредени намирници до исончан тен!

Денес ви споделуваме совети како да ја негувате и заштитите вашата кожа одвнатре за да блеска ова лето.

Со одредени намирници до исончан тен!

Можете да направите мали промени во вашето дневно мени со цел кожата да потемнее рамномерно и без изгореници и да добие неодолива бронзена нијанса. Поради нивните уникатни нутритивни карактеристики, овие намирници можат да ја заштитат кожата од сонцето, а истовремено да забрзаат процесот на потемнување.

Покрај морковите кои најчесто се споменуваат меѓу намирниците кои промовираат побрз тен, и овие намирници изобилуваат со растителни пигменти, од кои најпознат е бета-каротенот, за кој е докажано дека поттикнува рамномерно потемнување и гарантира блескав и здрав тен:

  • лубеница
  • диња
  • зелен лиснат зеленчук (на пример, спанаќ и кељ)

Храна која делува како заштитен фактор и ја регенерира кожата:

Риба (туна, харинга, сардина, скуша, лосос…)

Изобилството на витамин А и омега-3 масни киселини ја штитат кожата од слободните радикали, го промовираат нејзиното закрепнување и епителизација и ги ублажуваат воспалителните процеси.

Црвена пиперка

Богат извор на витамин Ц, моќен антиоксиданс, го поддржува формирањето на колаген, кој во голема мера ја подобрува регенерацијата на оштетената кожа.

Ореви

Благодарение на присуството на витаминот Е, оревите, исто така, претставуваат силен антиоксиданс и поволно делуваат на сите типови кожа, па затоа во летните месеци е исклучително важен внесот на јаткасти плодови, но и семки и квалитетни растителни масла.

Откако прочитавте кои намирници можат да го забрзаат процесот на потемнување на кожата, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 митови за влијанието на сончевите зраци.

Извор: ljepotaizdravlje.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар