Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

Дали знаете дека лековите и сончањето не се добра комбинација? Ако земате одредени лекови, треба да избегнувате изложеност на сончева светлина и високи температури. Некои кремови за акни, антибиотици и антидепресиви во комбинација со сончевите зраци можат да доведат до разни несакани ефекти. Затоа е многу важно внимателно да го прочитате упатството на секој лек што го консумирате, како и на кремовите и на другите препарати што ги користите. Одредени супстанции што ги има во овие производи ја прават вашата кожа почувствителна на светлина и може да предизвикаат алергиска реакција на кожата која може да се појави неколку дена по изложувањето на сонце. Ако користите некој од овие лекови, не треба да се изложувате на сончева светлина.

Ако ги користите овие лекови, треба да избегнувате сончање

Антибиотици

Антибиотиците можат да предизвикаат фотосензитивност и фотоотоксична реакција, што значи дека тие ќе ги влошат изгорениците од сонцето.

Кремови за акни и козметика против стареење

Производите што содржат ретинол и салицилна киселина може да доведат до сува кожа и таа станува многу почувствителна на сонцето. Ова значи дека ќе изгорите многу побрзо од вообичаеното.

Лекови против алергија

Некои антихистаминици може да го намалат потењето. Потењето го лади телото и ги исфрла токсичните материи, па ова може да биде проблем при високи температури. Ако телото не може да се разлади, може да се појави топлотен удар.

Антидепресиви

Овие лекови можат да го блокираат сигналот (испратен од мозокот) дека вашето тело се прегрева. Тие исто така може да го намалат потењето, што доведува до потешко разладување на телото.

Антиинфламаторни лекови

Секогаш кога земате некој од овие лекови, задолжително нанесете крем за сончање на вашата кожа. Лекарите препорачуваат да ја намалите изложеноста на сонце колку што е можно повеќе.

Витамини и производи на растителна база

Многу витамини и производи на растителна база имаат фотоотоксични ефекти. Поради тоа, мора да бидете претпазливи кога ги консумирате.

Кремови за локална апликација

Изложеноста на сонце може да го зголеми ефектот на лековите што се апсорбираат директно преку кожата. Ако имате изгореници предизвикани од сонцето, крвните садови на површината на вашата кожа се прошируваат и тоа може да доведе до зголемена апсорпција на лекот.

Прочитајте кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Цветанка Лоровска Reply

    Никогаш у живот не сум кунсумнимирала лекови. Најчесто ги пијам, заедно со вода поретко ги мачкам или прскам. А ни јадење не кунсумнимирисувам, или го јадам или го пијам. Ружица Сокиќ култната белградска глумица, кога глумеше селанка, што сака да се прави граѓанка во серијата „Луде године“ наместо јаде и пие викаше „консумира“

Напиши одговор на Цветанка Лоровска Откажи одговор