Како правилно да се грижите за вашата заштитна маска?

Иако никој не го очекуваше тоа, заштитните маски станаа дел од нашиот секојдневен живот. Ако сте одговорна личност сигурно секогаш со себе носите маска. Маските исто така им помогнаа и на многу модни брендови полесно да се справат со кризата со тоа што почнаа да ги произведуваат. Проблемот е што многумина не знаат како правилно да ги чистат овие маски.

Како правилно да се грижите за вашата заштитна маска?

Едно од првите прашања е што да направите откако ја носевте вашата памучна маска? Најважно е да не ја чувате во вашата чанта туку да имате посебна торба за тоа. Никогаш не ја допирајте маската со рацете, а во моментот кога ќе ја симнете држете ја на краевите. Исто така многу е важно веднаш да ги дезинфицирате рацете со антибактериски гел или да ги измиете.

Маската можете да ја ставите во машината за перење заедно со другата облека. Но, направете го тоа веднаш по носењето и никогаш не ја носете маската повеќе од еднаш. Користете го вашиот вообичаен детергент, само ставете ја температурата на водата да биде повисока, на пример 60 степени. Освен ова, не заборавајте да ја фрлите хируршката маска која е за една употреба.

Иако летото е тука и сите сакаме да излегуваме, да одиме на концерти и одмор, коронавирусот сè уште е присутен кај нас. Затоа, бидете одговорни. Ако не за себе, тогаш за другите.

Прочитајте и како да ги мотивирате децата да носат маска и да им објасните зошто е тоа важно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар