Што навистина се случува кога на вашата храна ќе слета мува?

Постојат повеќе работи што можете да ги направите кога ќе видите мува на вашата храна. На пример, можете веднаш да го фрлите вкусниот ручек, но има и такви што ќе продолжат да јадат како ништо да не се случило затоа што „тоа е само мува“. Познато е дека мувите ја контаминираат вашата храна, но штетата што ја предизвикуваат овие мали суштества е многу поголема отколку што мислите.

1. Мувите може да повраќаат на вашата храна

Што навистина се случува кога на вашата храна ќе слета мува?

Мувите јадат со цицање течности низ својата тубуларна уста. Обликот на устата е причината зошто тие треба да го претворат секој оброк во течност. За да го направат ова, тие ја допираат вашата храна со својата плунка која содржи сè што јаделе претходно (на пример, расипано месо или измет).

2. Тие може да положат јајца на вашиот оброк

Што навистина се случува кога на вашата храна ќе слета мува?

Вкусните остатоци што ги оставате за подоцна може да се претворат во совршено гнездо за јајца. По некое време, тие ќе прераснат во мали муви (црвчиња или ларви) кои навистина можат да ве отрујат со бактерии. Затоа, не заборавајте да ја покриете вашата храна ако сакате да ја оставите за подоцна.

3. Нозете и крилјата на мувата можат да ја претворат вашата храна во гнездо на бактерии

Што навистина се случува кога на вашата храна ќе слета мува?

Сите знаеме дека мувите се полни со бактерии. Но, дали знаевте дека најголемиот број микроби се наоѓаат на надворешната страна од телото на мувата? Со секој чекор што го прави мувата, таа остава микробна колонија зад себе. Тоа значи дека сериозно може да заразат сè што ќе допрат.

4. Мувите пренесуваат над 60 болести

Мувите можат да пренесат најмалку 65 различни болести кај луѓето само со лазење преку ѓубре и храна. Тоа вклучува дизентерија, дијареја, колера, па дури и лепра. Не страдаат само луѓето, туку мувите можат да заразат и други животни, како кокошки и свињи.

Прочитајте кои 10 природни антибиотици ги убиваат бактериите во вашето тело и повеќето ги имате во кујната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар