50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...

50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку…

Наоѓањето начини да се ослободите од стрес е многу значајно во денешниот хаотичен свет. Понекогаш потребни ни се дневни потсетувања дека ние сме живи, размислуваме и чувствуваме и дека не сме само воркохоличари и машини за работа. Ако не се грижиме за нашиот стрес, тој може за кратко време да се качи на многу нездраво ниво кое понекогаш знае да доведе до сериозни состојби како депресија, анксиозно нарушување, проблеми со срцето, дијабетес, гастритис, проблеми со јадењето, несоница, злоупотреба на супстанци, како и до главоболки, болки во мускулите и омалаксаност.

50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...

Бидејќи сите помалку или повеќе сме склони на стресот кој е неизбежен дел од нашите животи, потребно е да најдеме одредени методи кои ќе ни помогнат да се справиме со него. Сè зависи од вашата личност, навики, како и од работата од која сакате да се одморите. Погледнете ја оваа листа од 50 начини на кој можете да се ослободите од стресот и размислите кои од нив најмногу би ви одговарале. Или пак, доколку веќе имате некој метод кој многу ви помага, а не сме го споменале, споделете го со нас во коментарите подолу.

1. Земете длабоко воздух 10-тина пати.

2. Правете склекови, стомачни или клекнувања.

3. Играјте со домашното милениче.

4. Излезете на кратка прошетка.

5. Прочитајте текст на Кафе пауза.

6. Јавете се кај пријател.

7. Ислушајте една песна.

8. Гледајте видео на Јутјуб.

9. Свирете на музички инструмент.

10. Медитирајте.

50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...

11. Изедете здрава ужина.

12. Започнете краток разговор на едноставна тема.

13. Направете си кафе.

14. Седнете на клупа во парк и набљудувајте ги луѓето околу вас.

15. Нацртајте нешто.

16. Испејте ја омилената песна.

17. Замислете дека вашата работна маса е тапан и започнете со свирење.

18. Потсетете се на добрите работи во вашиот живот.

19. Направете планови за вечера.

20. Излезете надвор на сонце и свеж воздух.

50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...

21. Излезете надвор и хранете ги птиците.

22. Направете му некому мала услуга.

23. Напишете порака до саканиот/саканата.

24. Наводнете ги цвеќињата.

25. Разгледајте постар албум со фотографии.

26. Напијте се чашка алкохол.

27. Направете пребарување на Гугл за „смешни вицови“.

28. Набљудувајте ги ѕвездите.

29. Уживајте во убав пејзаж.

30. Пуштете музика и разиграјте се како никогаш досега.

50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...

31. Набрзина истуширајте се.

32. Напишете песна.

33. Проверете го вашиот имејл или фејсбук-профил.

34. Направете листа од стари работи во вашиот дом за донирање.

35. Средете го вашето биро.

36. Обидете се да решите некоја загатка или судоку.

37. Поминете малку време со вашите деца или внуци.

38. Истегнете се или вежбајте јога.

39. Викајте колку што ве држи гласот (ако не сакате да вознемирите некој, можете да го направите тоа и во перница).

40. Одете на масажа на грбот.

50 начини за ослободување од стрес кои траат 5 минути или помалку...

41. Изиграјте една парија билјард или пинг-понг.

42. Проверете ја временската прогноза.

43. Прочитајте го вашиот хороскоп.

44. Испланирајте го викендот.

45. Кажете си молитва.

46. Ослободете ги мислите, фантазирајте.

47. Измијте го вашето лице со студена вода.

48. Легнете накратко да спиете (не заборавајте да навиете аларм).

49. Потсетете се на вашите цели.

50. Возете полека низ градот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Manu Reply

    Meditirajte????

    • MrSmartGuy Reply

      Па што е чудно тука

Напиши одговор на MrSmartGuy Откажи одговор