Внимателно со миризливите свеќи: Еве кои хемикалии можат да предизвикаат здравствени тегоби

Научниците стравуваат поради можноста долготрајното користење на освежувачите за воздух и миризливите свеќи да бидат штетни по здравјето.

Сè започнало кога во магазинот „Daily Mail“ била објавена статија во којашто пишувало дека се пронајдени докази дека миризливите свеќи можат многу лошо да влијаат на здравјето. Но, не само тие, туку и кои било други освежувачи на воздухот и слични миризливи производи.

Имено, тука претставуваат проблем хемикалиите коишто може да се пронајдат и во мирисот и во восокот. Иако се очекуваат и понатамошни истражувања, првите покажале дека подолгото изложување на одредени миризливи производи е толку опасно што може да предизвика појавување на астма, оштетување на белите дробови, па дури и рак. Исто така, едно истражување од 2001 година покажало дека свеќите со повеќе мирис во себе произведуваат повеќе чад, па затоа е потребно да се користат помалку миризливи свеќи или пак свеќи без мирис.

Од друга страна, некои научници стравуваат и поради штетното влијание на освежувачите за воздух. Така, англискиот Центар за јавно здравје открил дека тие производи може да содржат „значајни количини на формалдехид“, иако е назначено дека тоа не би требало да претставува здравствен проблем во простор каде што има нормална вентилација, како и при нивна ретка употреба.

Исто така, со друго истражување направено во 2014 година, е докажана силна врска помеѓу изложеноста на фталати (хемикалии коишто се наоѓаат во освежувачите и често во пластиката) за време на бременоста и зголемените шанси понатаму детето да заболи од астма.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар