Зошто мажите кои се во врска треба да се чувствуваат посакувано?

Зошто мажите кои се во врска треба да се чувствуваат посакувано?

Дали ќе се изненадите доколку ви кажеме дека сите мажи сакаат кога некој ги посакува и им се восхитува? Или ако дознаете дека сакаат да добиваат комплименти и дека понекогаш сакаат кога партнерката прва ќе иницира за секс, особено ако се во долга, сериозна врска?

Зошто мажите кои се во врска треба да се чувствуваат посакувано?

Минативе месеци многу се пишуваше за мажи кои ги злоупотребуваат нивните влијателни позиции, кои не прифаќаат „Не“ за одговор, кои очекуваат жените да им бидат сексуално потчинети и кои не покажуваат никаква свесност за штетата што ја предизвикуваат некому. Но, сигурно момците со кои излегувате или сте во врска не се вакви. Повеќето мажи не ги присилуваат жените на сексуални односи.

Поентата е дека многу мажи се исто толку срамежливи колку и жените кога треба да ги искажат своите сексуални желби, бидејќи се плашат дека нивните барања ќе бидат изложени на потсмев. Постојат многу мали шанси тие отворено да кажат дека понекогаш сакаат да бидат пасивни во кревет или да побараат да им кажете нешто убаво.

Вистината е дека мажите потајно посакуваат да ги имаат сите тие работи што списанијата постојано нагласуваат дека жените ги сакаат, како на пример да добиваат внимание, да добиваат комплименти, да водат љубов и да знаат дека партнерката сѐ уште ги посакува и ги смета за привлечни. Но, жените најчесто не знаат како да го покажат тоа и што да направат.

Можете да почнете на тој начин што ќе му кажете како се чувствувате и што ви се допаѓа кај него. Можете да му кажете дека изгледа одлично во новата кошула. Погалете го по грбот кога ќе му го подавате столот. Во кревет, посегнете по него и дајте му повеќе од вообичаениот бакнеж за добра ноќ или доближете се до него и почнете да го милувате. Повеќето мажи ќе можат да ги прочитаат овие сигнали.

Ова не би требало да се случува само одвреме-навреме, туку да стане секојдневен дел од вашата врска. Давајте му комплименти 3 пати дневно. Погалете го случајно барем 2 пати дневно. Направете го првиот чекор во кревет барем еднаш неделно. Сето ова нека ви стане навика. Постои голема веројатност дека неговата реакција ќе биде позитивна.

Вашиот партнер е човечко суштество исто како и вие. Верувањата од типот „Мажите се од Марс, а жените од Венера“ се измислени. Сите сакаме да добиваме љубов, пријателство и да се чувствуваме безбедно во врската. И мажите ги сакаат сите овие работи исто како и жените. Можете да го прашате вашиот партнер дали се чувствува сакано и безбедно во ваше присуство. Ако одговори одречно, прашајте што можете да направите во врска со тоа. Тоа одличен почеток на интересен разговор, се согласувате?

Сакате да му покажете на вашиот партнер колку многу ви значи? Вратете ја изгубената страст со помош на овие 5 прашања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар