8 стари трикови за ослободување од лузни од акни и несовршености на лицето

Статистичките податоци покажуваат дека 95% од луѓето страдаат од акни во некој период од животот. Акните и другите несовршености на кожата може да бидат предизвикани од разни работи – од лоша исхрана, до погрешни продукти за нега. До денес никој нема пронајдено лек за целосно и трајно отстранување на акните. Сепак, постојат некои природни третмани кои можат да ви помогнат да го исчистите вашето лице без употреба на хемикалии.

1. Темни подочници: Куркума и сок од ананас

(1)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Куркумата ги намалува темните кругови под очите предизвикувајќи антиоксидансен ефект на кожата.

  • Измешајте 2 лажички куркума и 2 лажички сок од ананас и направете паста.
  • Нанесете ја пастата под очите и оставете да делува 10 минути.
  • Отстранете со мека крпа.
  • Повторувајте секој ден додека не забележите подобрување.

Оваа маска исто така ќе ја омекне кожата под очите.

2. Изгореници од сонце и воспаленија: Авокадо

(2)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Авокадото содржи витамини А, Д и Е кои ја смируваат изгорената кожа, го поттикнуваат производството на колаген и ги намалуваат кожните воспаленија.

  • Испасирајте половина авокадо со виљушка.
  • Додајте 2 лажици топла вода во авокадото и измешајте.
  • Нанесете ја смесата на проблематичните места со четка и оставете да делува 10 минути.
  • Исплакнете со млака вода.

Ако имате сува или чувствителна кожа, додајте и 1 лажичка мед во маската.

3. Хиперпигментација: Компири и сок од лимон

(3)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Компирите содржат многу витамини и минерали кои се ефикасни во третирање на хиперпигментација, темни дамки и лузни од акни. Лимонот има цитрусна киселина која е природен избелувач.

  • Темелно измијте го компирот, исечете го на мали парчиња и ставете го во блендер.
  • Исцедете ја течноста од изблендираниот компир.
  • Исцедете еден лимон.
  • Земете 4 лажички сок од компир и 2 лажички сок од лимон и измешајте.
  • Нанесете дебел слој од смесата на проблематичните места.
  • Откако ќе го нанесете првиот слој, оставете малку да се исуши, па нанесете ги вториот и третиот слој.
  • Оставете ја маската преку ноќ и исплакнете со топла вода наутро.
  • Повторувајте го третманот секој ден во рок од 1 недела.

Ако имате сува и чувствителна кожа додајте 1 лажица мед и 1 лажица вода од ружа. Ако имате мрсна или комбинирана кожа додајте 2 лажици брашно од ориз во маската.

Мешавината можете да ја чувате во фрижидер 3-4 денови.

4. Акни: Јаболков оцет

(4)8-stari-trikovi-za-osloboduvanje-od-luzni-od-akni-i-nesovrshenosti-na-liceto-kafepauza.mk

Јаболковиот оцет содржи оцетна киселина и микроелементи како калиум и магнезиум. Тој е одличен за детоксикација и може да го реши проблемот со акните.

  • Измешајте лажица јаболков оцет со 2-3 лажици дестилирана или филтрирана вода.
  • Нанесете ја мешавината на чисто лице со памук.
  • Почекајте тоникот да се исуши. По него можете да користите и други продукти.
  • Нанесувајте 2 пати дневно по миење на лицето.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар