Среќни спомени, бесконечна смеа, долги разговори: Вратете ја изгубената страст со помош на овие 5 прашања

На почетокот од врската сѐ е возбудливо, ново, волшебно. Дури и најмалата нова информација за партнерот ве развеселува, а воопшто да не зборуваме за сексуалната напнатост помеѓу вас. Сѐ е возбудливо и занимливо. А потоа, се запознавте, дојдовте до онаа фаза кога скоро можете да си ги читате мислите, ја пронајдовте вашата сигурна зона, се чувствувате сигурно, но и покрај сѐ нешто недостасува. Страст. Паровите кои запаѓаат во овој вид врска обично се соочуваат со голема криза во спалната соба. Сигурно сте слушнале од некоја своја пријателка дека раскинала со своето момче бидејќи исчезнала страста, зар не?

2-srekjni-spomeni-beskonechna-smea-dolgi-razgovori-vratete-ja-izgubenata-strast-so-pomosh-na-ovie-5-prashanja-www.kafepauza.mk_

Ако чувствувате дека сексуалната напнатост помеѓу вас полека исчезнува, време е да ги преземете работите во свои раце. Иако често не е добро да се враќате на почеток, во овој случај тоа е она што ви е најмногу потребно. Сѐ што треба да направите е повторно да се запознаете со партнерот. Освен што ќе поминувате повеќе време заедно, ќе започнете и почесто и повеќе да разговарате, што ќе ги обнови вашите чувства и страст помеѓу вас. За повторно да се зближите, би требало на партнерот да му ги поставите овие прашања.

1. Кога последен пат те насмеав?

Сите ние сакаме да бидеме со некој кој нè прави среќни. Животните грижи и обврски може да ги истиснат сите убави работи од врската. Доколку се присетите заедно на некои смешни ситуации, особено ако се работи за некое ваше заедничко искуство, тоа ќе го врати она добро чувство помеѓу вас. Покренете ги добрите вибрации и смејте се заедно.

2. Кој е твојот омилен годишен одмор на кој сме отишле заедно?

Ако сте со вистинската личност, вашата најголема препрека нема да биде начинот на кој се третирате или како гледате на животот, туку монотонијата и рутината. Домашните работи, плаќањето на сметките и гледањето со ист круг на луѓе со кои разговарате на исти теми не е многу секси и возбудливо. Љубовта подразбира взаемна поддршка и помош, особено во тешките моменти, но магијата и страста се неопходни за вашата врска да не се претвори во пријателство. Разговорот за заедничките патувања можеби ќе ве поттикне на нова заедничка авантура.

3. Која е твојата омилена тајна сексуална фантазија?

Немојте да дозволите вашето момче константно да слуша за вашите дневни обврски и како се жалите од вашите колеги, пријателки, мајка… Важно е да не се претворите во жена која постојано нешто приговара и шефува. Сакате да наредувате? Правете го тоа во спалната соба! Наместо да разговарате за работата, разговарајте за сексот. Споделете ги со партнерот вашите тајни желби и фантазии. Разговарајте потполно искрено, покажете му дека сте отворени за испробување на нови работи, но исто така бидете слободни и да му кажете дека нешто не ви се допаѓа. А потоа, претворете ги зборовите во дела.

1-srekjni-spomeni-beskonechna-smea-dolgi-razgovori-vratete-ja-izgubenata-strast-so-pomosh-na-ovie-5-prashanja-www.kafepauza.mk_

4. Постои ли подобар начин да го зборувам твојот јазик на љубовта?

Постојат 5 најчести начини на кои делиме и примаме љубов: со разговор, со заедничко квалитетно време, со подароци, со физички допир и со гестови. Сите овие се фантастични начини да се изразите и да ја покажете својата љубов кон партнерот, но важно е да го застапите оној начин кој нему му е најпотребен. Најчесто се случува да ја изразувате љубовта на оној начин на кој вие најмногу сакате да ја примате. Имајте предвид и дека јазикот на љубовта може да се промени со текот на годините како што се менува и вашиот живот, па затоа не е лошо да се вратите понекогаш на оваа тема.

5. Кога чувствуваш најголема блискост со мене?

Ова прашање може да ви овозможи најважен увид на вашата врска. Така дознавате кога сте најмногу емоционално поврзани, а тоа е важно бидејќи емоционалната поврзаност е клучот за долга и успешна врска. Можеби ќе ви каже дека е најмногу ваш во моментите после секс или пред спиење, можеби кога правите нешто заедно или заедно готвите. Можеби кога имате долги, сериозни разговори или напротив, кога лудувате задно. Без разлика каков одговор ќе добиете, добро запомнете го, бидејќи токму во него се крие начинот на кој можете брзо да се смирите после некое несогласување или караница.

Исто така, ви предлагаме да ги погледнете овие видови предигра што ќе ги разгорат страстите помеѓу вас и вашиот долгогодишен партнер.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар