Студиите покажуваат дека психопатите се оние кои најчесто остануваат пријатели со бившите

Колку и да ви звучи убаво и зрело пријателството со бившите партнер или партнерка, ретко кој успеал да одржи добар пријателски однос без скриени агенди. Едноставно постои нешто навистина чудно и необјасниво во обидот да се одржи врска со личност која се обидувате да ја оставите зад себе на љубовно поле. Изгледа дека и науката го потврдува овој факт.

Студиите покажуваат дека психопатите се оние кои најчесто остануваат пријатели со бившите

Според една студија спроведена на Универзитетот Оукланд, луѓето со „потемни видови карактери“ остануваат пријатели со нивните бивши партнери исклучиво од практични причини, што е исто толку злобно колку што звучи. Овие практични причини опфаќаат сè од секс до потребата да се искористи и контролира таа личност.

Според овие резултати лесно може да се дојде до заклучок дека доколку вие или вашиот бивш партнер сакате да останете во пријателски однос, постои голема шанса дека еден од вас е нарцисоидна личност или психопат, или во најлош случај и двете. Што мислите, дали вашиот партнер има „задни намери“ при обидот да го задржи пријателството меѓу вас?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар