Според познат руски психолог: Образованата жена не треба да се мажи за мајстор

Популарниот руски психолог Михаил Литвак споделил една приказна од својата ординација. Ви ја пренесуваме во продолжение…

Според познат руски психолог: Образованата жена не треба да се мажи за мајстор

„Еден ден, кај мене во ординација дојде Марија. Нејзиниот проблем бил што не можела да си најде маж.

Марија е образована и многу успешна директорка на фирма. Зад себе има еден пропаднат брак и две, веќе пораснати ќерки.

Во секој поглед таа е успешна жена, освен во љубовта. Но, Марија има сакано претходно. Лудо била заљубена во нејзиниот сопруг. Затоа и се омажила за него. Додека таа се едуцирала и грабала напред, градејќи завидна кариера, нејзиниот сопруг бил обичен работник во една фирма, со просечна плата. Немал желба за професионален напредок.

И додека кариерата на Марија се развивала, додека таа одела кон врвот, тој станувал сѐ понезадоволен, па нивниот брак почнал многу да трпи. Еден ден Марија отворено го прашала што да направи за да би го зачувала нивниот брак.

‘Напушти ја работата и посвети се на семејството’ – побарал тој.

Марија се сложила. Дала отказ од работа и станала домаќинка, а сето тоа за да има мир во домот. Меѓутоа, тој мир никако не доаѓал. Зошто? Мажот бил огорчен, ништо не му одговарало. Му пречела Марија која постојано седела дома. Сѐ го потсетувало на тоа дека таа успеала во животот, а тој никако не можел.

Кога ситуацијата во бракот не се поправила и после неколку години, Марија одлучила да се разведе. Го оставила сопругот и почнала од почеток.

Сама ги школувала ќерките, кариерата одново ја издигнала од пепелта, но и понатаму немала среќа во љубовта. Затоа се обратила на психолог.

Еве во што беше нејзиниот проблем:

Ако вашиот партнер не расте и не се развива покрај вас, треба да го оставите без двоумење. Не обидувајте се да го промените. Не губете време.

Марија се жалеше на неправда, бидејќи мажите кои нејзе ѝ се допаѓале (успешни, вработени луѓе), покрај себе имале жени-домаќинки, мајки без кариера и успех.

Оние мажи на кои Марија им се допаѓала биле женкари кои не доаѓале предвид.

Мојот совет за Марија беше да гледа повеќе помеѓу многу успешните деловни луѓе кои имаат исти интереси како и таа. Ако доволно долго гледате, ќе го најдете она што го барате.

Затоа жени, пишувајте докторски дисертации, грабајте напред и никако не вртете се зад себе. Не гледајте ги луѓето кои се под вас, тие само ќе ве повлечат кон дното. Ништо добро нема да произлезе од тоа. Дури и ако сосема се промените себеси и постанете тоа што тој го барал од вас – ни тогаш нема да му одговарате.

Подобро е да бидете сами, одошто во лошо друштво!“

Дали се согласувате со оваа препорака на рускиот психолог?

Прочитајте ги и 10-те најчести причини поради кои врските и браковите пропаѓаат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар