Спа-центар кој е рај за сите љубители на пиво

Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

Во денешно време постојат многу разни видови спа-центри, кои нудат услуги благодарение на кои вашата кожа и тело ќе станат поздрави и поубави. Доколку сте запознаени со третманите базирани на природни состојки, време е да чуете за нешто ново – спа-третман со пиво. На љубителите на пиво, сигурно ќе им се допадне оваа идеја.

(1) Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

Веќе неколку години, третманот со пиво се популаризира во Европа и Америка, за кој експертите тврдат дека може да го подобри вашето здравје. Низ европските држави, а особено во Чешка и Германија посетителите на спа-центрите одат за да се брцнат во када полна со медицинско пиво. Големите метални кади или буриња се исполнети со минерална вода, пиво, хмељ и квасец.

Спа-центар кој е рај за сите љубители на пиво Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

Овој третман води потекло од античките Римјани и и зад него има научно објаснување. Пивото мора да биде загреано на температура од точно 34 степени Целзиусови, којашто помага да излезат токсините низ порите. Хмељот ја ексфолира кожата, а пивскиот квасец го храни телото со витамини. Третманот исто така може да помогне во борбата против акните, да ја намали тензијата во мускулите, да ги згрее зглобовите и да го подобри имунолошкиот систем.

Спа-центар кој е рај за сите љубители на пиво Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

Се прашувате какво е чувството да се капете во пиво? Можеби е малку чудно кога ќе сфатите дека вашето тело е опкружено со пивски меурчиња, но истовремено може да биде и забавно, бидејќи додека се релаксирате можете и бесплатно да пиете пиво.

Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво

Пиварницата Чодовар во Чешка нуди 20-минутно капење во нивното специјално подготвено светло пиво. Потоа, ве виткаат во удобно волнено ќебе, во кое се одморате. Во хотелот „Bahenec“ во Чешка пак, прво одите во сауна, потоа се потопувате во буре со пиво со вртежи, околу кое има кригли и пиво на точење, а потоа легнувате во кревет со слама во кој треба да дремнете. Во австрискиот хотел „Moorhof’s“, се капете во светло пиво со 2% алкохол, направено од локалната пиварница „Schnaitl“. После капењето, ве виткаат во крут бел чаршав и ве легнуваат во куп топло сено од луцерка.

Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво Спа-третман кој е рај за сите љубители на пиво


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар