7 фрази кои можете да му ги кажете на вашиот партнер ако не сте достигнале оргазам

7 фрази кои можете да му ги кажете на вашиот партнер ако не сте достигнале оргазам

Многу жени се соочуваат со партнер кој одлучува сексот да заврши веднаш по неговиот оргазам. Резултатите од една анкета спроведена од YouGov покажуваат дека мажите два пати почесто од жените признаваат дека имале оргазам при секој сексуален однос. Фактот дека мажите и жените имаат различно потребно време за оргазам е сосема нормален. Но, вашето задоволство е исто толку важно како и задоволството на вашиот партнер.

7 фрази кои можете да му ги кажете на вашиот партнер ако не сте достигнале оргазам

Ако не знаете како да му кажете на вашето момче дека прерано престанало, овие фрази ќе ви помогнат.

1. „Може ли…“

Ако точно знаете што сакате, бидете конкретни. Предложете му на партнерот одредена сексуална поза која ќе ви овозможи побрзо да дојдете до оргазам. Треба да научите како функционира вашето тело, а мастурбирањето ќе ви помогне да го поедноставите патот до сопственото задоволство – тоа е самоспознание и секако, начин да се опуштите кога другите форми на секс не се достапни.

2. „Сѐ уште те посакувам“

Ова е позитивен начин за да побарате дополнително внимание. Можно е партнерот да се чувствува виновно, но не се жалете, туку само кажете.

3. „Сега јас сум на ред“

Ако сте уживале во сексот со вашиот партнер, но не сте постигнале оргазам, можете да го кажете тоа во разиграна форма. Сексуалните терапевти советуваат да бидете јасни и самоуверени. Додадете малку грубост, но немојте да бидете непристојни.

7 фрази кои можете да му ги кажете на вашиот партнер ако не сте достигнале оргазам

4. „Сѐ уште не сум завршила“

Многу луѓе ја ценат искрената комуникација, па ако сте навикнати отворено да зборувате во врската, не треба да се грижите за формулацијата. Партнерот ќе биде задоволен што сте искрени со него, и тој нема да има потреба да погодува што чувствувате.

5. „Допри ме тука“

Би било убаво да ја поддржите оваа фраза со акција: земете му ја раката, насочете ја до делот од телото што сакате да го стимулирате и почнете да се движите како што сакате. Тој веќе постигнал оргазам, па сега може да ги концентрира сите свои напори кон вас. Покажете му и кажете му што да прави, па така повеќе ќе уживате во процесот.

6. „Може да продолжиме“

Ова не мора да се однесува само за оргазам. Ако сакате да се чувствувате убаво, без разлика како ќе заврши односот, кажете го тоа. На мажите не им е секогаш јасно како нивната партнерка се чувствува во креветот, а згора на тоа, многумина дури и не разликуваат кога жената постигнала оргазам, а кога не. Фактот дека тој го завршува интимниот однос откако ќе го достигне врвот не зборува нежно за себичност, можеби партнерот едноставно погрешно ги протолкувал вашите сигнали.

7 фрази кои можете да му ги кажете на вашиот партнер ако не сте достигнале оргазам

7. „Мило ми е што доживеа оргазам, ама јас сѐ уште не“

Според психологот Лори Минк, првиот чекор е да се заземе став дека го имате истото право на оргазам како и вашиот партнер. Ако тој не се согласува со ова, губите време со него.

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар