Совршено несовршени: Овие 4 популарни дами не ги кријат своите најголеми физички недостатоци

Совршено несовршени: Овие 4 популарни дами не ги кријат своите најголеми физички недостатоци

Едната има премногу големи стапала, другата премногу голем задник, но тие воопшто не ги гледаат овие нешта како недостатоци, туку како предности, и се сметаат себеси за прекрасни, а и ние се согласуваме со нив. Често холивудските дами се доживуваат како идеал за убавина и се прогласуваат за совршени, па затоа и јавноста будно бара недостатоци за да докаже дека и тие се луѓе како сите нас. Но, кога станува збор за ситуации како следниве 4, кога недостатоците не се кријат, туку баш напротив, уште толку се нагласуваат, ние учиме дека токму нашите несовршености се оние што прават да се издвојуваме од другите.

1. Жизел Бундшен

Долгите нозе и виткото тело се заштитните знаци на оваа манекенка, правејќи ја една од најплатените во светот. Но, нејзиниот „недостаток“ е тоа што таа нема претерано истакнат струк – што е исклучително важно за манекенките што работат со долна облека. Сепак, таа успеала да се пробие во овој свет, и да докаже дека токму нејзиниот недостаток е тоа што ја прави уникатна.

2. Ким Кардашијан

Познатата старлета е една од оние што успеале својата маана да ја претворат во предност. Станува збор за широките колкови и големиот задник. Таа никогаш не дозволила негативните коментари да допрат до неа, и со текот на времето, токму овие „недостатоци“ ја издвоија и ја претворија во секс симбол.

3. Ума Турман

Основниот физички „недостаток“ на оваа популарна актерка се нејзините големи стапала. Но, наместо да ги крие, таа уште повеќе ги нагласува со рамните обувки што ги преферира. Денес, нема да чуете никој лошо да коментира за нејзините големи стапала, бидејќи таа на некој начин, ги претворила во својот заштитен знак.

4. Емилија Кларк

Емилија Кларк е една од најпознатите актерки во моментов ширум целиот свет. Но, дали сте знаеле дека таа долго време се борела со негативните коментари за нејзината висина, која изнесува само 1,52 сантиметри. Исто така, според многумина, нејзината убавина не била во согласност со „холивудските стандарди“. Каде се тие луѓе сега да зборуваат?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар