Поврзаноста на појадокот со слабеење: Вистината зад овој мит што конечно ќе ви даде мир

Поголемиот дел од вас сигурно го чуле советот што звучи многу контрадикторно – со прескокнувањето на појадокот би можеле да се здебелите, бидејќи на тој начин го забавувате метаболизмот и во текот на денот јадете многу повеќе за да надополните за изгубеното.

Ако ова ви се чини како бесмислица, можно е да имате право. Сè уште не постојат докази дека прескокнувањето на појадокот води кон зголемување на телесната тежина. Барем така вели заклучокот од една нова студија објавена во научното списание „British Medical Journal“. Спротивно на популарното верување, истражувањето покажало дека ако го прескокнете појадокот, тоа нема да предизвика чувство на зголемена глад во попладневните часови или разлика во трошењето на енергијата.

Научниците од  факултетот Монаш во Мелбурн ја анализирале врската помеѓу појадокот и промените во телесната тежина, како и дневното внесување на енергија. Тие користеле податоци од 13 различни клинички истражувања што биле спроведени во Америка и Велика Британија во последните 28 години. Нивниот заклучок бил дека вкупното дневно консумирање храна било поголемо кај луѓето што појадувале од оние кои го прескокнувале оброкот. Исто така утврдиле и дека нема значајни разлики во активноста на метаболизмот кај двете групи.

Имајќи го ова на ум, редовното појадување води кон голем број други здравствени придобивки, па затоа мора да внимавате ако сакате да го исфрлите со цел да ослабите.

Прочитајте и зошто не треба да јадете банани за појадок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар