Дали вашата вагина е депресивна?

Не е тајна дека животот е многу подобар со редовни сексуални односи. Позитивните влијанија на сексот во однос на здравјето се многубројни – посилен имунитет, подобар сон, намалување на нивото на стрес… Сексот исто така е добар и за нашето срце, бидејќи се смета за физичка активност. Но, што се случува со телото и вагината кога нема секс?

Новите истражувања откриле дека може да се случи вашата вагина да стане депресивна, ако долго време сте немале секс. Другото име за оваа состојба е атрофирана вагина, а може да ја предизвикаат повеќе фактори, меѓу кои еден е недостаток на секс. Мускулите на вашата вагина, како и секој друг мускул на вашето тело, патат кога не ги користите.

Сексот и оргазмот ви помагаат да ја зајакнете циркулацијата во тие мускули, што е нужно за да добиете доволна количина кислород. Вагината може да стане депресивна во секоја животна доба на жената, но најчеста е кај жените во менопауза. Симптомите се ослабени и тенки ѕидови на вашата вагина, па дури и чувство на болка или иритација иако немате никаква инфекција.

Еден од начините да се справите со овој проблем е да почнете повторно да ја „употребувате“ вашата вагина. Почнете со нежни масажи со многу лубрикант, бидејќи атрофираното ткиво е многу чувствително.

Колку подолго апстинирате од секс, толку повеќе ќе се намалува и вашата желба за секс. Објаснувањето е многу едноставно – токму затоа што немате секс, вие почнувате сè помалку и помалку да се чувствувате како сексуално битие, и затоа ја губите и желбата. Затоа и кога повторно ќе се впуштите во тие води, ќе ви биде потребно повеќе време за да го почувствувате нагонот, но и за ткивото да се опушти. Добрата вест е дека штом се вратите во акција, ќе ви се врати и вашата желба за секс!

За жени на сите возрасти: Сè што треба да знаете за вагиналната атрофија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар