Река низ која пловат 100.000 светилки

Река низ која пловат 100.000 светилки

И преку токискиот фестивал „Хотару“ Јапонците покажаа дека знаат како да ја одржат традицијата, притоа паралелно чекорејќи со екстремно брзиот технолошки развој. За да ја создадат таканаречената река на светлината, тие за првпат свеќичките ги замениле со 100.000 ЛЕД диоди, кои светнуваат во контакт со водата.Река на светлината Ова незаборавно доживување било идеја на компанијата „Panasonic“, која специјално за фестивалот одлучила да ги дизајнира уникатните ЛЕД светла, чие напојување зависи исклучително од соларната енергија. Ги изработила поврзувајќи неколку диоди во едно светло, со цел да ги направи доволно големи, односно да спречи тие да станат плен на рибите.Река на светлинатаРека на светлината„Hi-tech“ реката e всушност линк помеѓу човекот и природата, бидејќи ЛЕД светлата ги претставуваат малечките инсекти, познати како светулки. Нивното пловење по реката Сумида го набљудувале околу 400.000 луѓе.Река на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлинатаРека на светлината


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар