Оваа жена прави бесплатни тетоважи со кои ги крие лузните од насилство и злоупотреба
Лузните можат да бидат долготрајни потсетници на злоупотребата, па токму затоа артистката за тетоважи, Флавија Карвало, решила да преземе нешто во поглед на тоа. Нејзиниот проект „A Pele da Flor“ (Кожата на цвеќето) вклучува бесплатни тетоважи за жени кои биле повредени. Две години досега таа им помагала на различни жени да ги прекријат своите лузни од ножеви и куршуми, како и мастектомии. Таа ги трансформира овие непријатни моменти во алатки за моќ и убавина.

„Го започнав овој проект неодамна и не знаев дека ќе добие толку големо внимание во медиумите. Сè започна многу спонтано. Како што реков, моите услуги се 100% волонтерски и единственото нешто кое жените треба да го ‘вложат’ е одбирање на дизајнот за нивните тетоважи!“ – вели таа.
„Сè започна пред околу 2 години, кога работев со клиентка која сакаше да покријам огромна лузна на нејзиниот стомак.“

„Таа ми кажа дека била во ноќен клуб и кога одбила некој човек кој ѝ пристапил, тој ја прободел со нож. Кога ја виде завршената тетоважа, таа беше многу среќна и тоа допре длабоко до мене.“

„Но, тоа што најмногу ме шокира беше приказната за 17-годишно девојче кое било во врска со постар маж и со месеци страдала од физичка злоупотреба.“

„Кога тој сакал да раскине со неа, ѝ закажал состанок, а потоа почнале да караат. Оваа караница резултирала со неколку убоди во стомакот и насилно силување.“

Таа исто така прави бесплатни тетоважи и за жените кои морале да подлегнат на мастектомија.

Од друга страна пак, оваа тетоважа крие лузна од куршум.






























