Загатка која го полуди светот: Како да го поминете мостот и да преживеете зомби напад?

Загатка која го полуди светот: Како да го поминете мостот и да преживеете зомби напад?

Оваа зомби загатка се шири многу брзо на социјалните мрежи и притоа фрустрира многу луѓе. Па, дали вие ќе успеете да ја направите вистинската комбинација и да успеете да преминете безбедно преку мостот? Не грижете се, доколку не успеете, решението е вклучено на крајот од видеото.

Загатка која го полуди светот: Како да го поминете мостот и да преживеете зомби напад?

Задачата е многу едноставна. Вие, заедно со професорот, асистентката и чистачот, мора да преминете преку мостот со цел да ги избегнете застрашувачките зомби кои доаѓаат да ве убијат. Вие сте најбрзи од сите, па токму затоа и ќе ви биде потребна само 1 минута за да поминете. На асистентката ќе ѝ требаат 2 минути, на чистачот 5, додека пак, на професорот 10. Зомбите ќе пристигнат за 17 минути, па токму затоа вие до тогаш мора да преминете на другата страна со цел да го пресечете мостот. Имајте на ум дека само 2-ца можат во исто време да се движат по мостот, од кои 1 од нив мора да го носи единствениот фенер кој го имате. Па, како ќе успеете сите да поминете за помалку од 17 минути?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар