Драма или хумор: Што кажува вашиот омилен тип серии за вашиот карактер?

Со какви телевизиски содржини сакате да се релаксирате? Драмска серија, можеби некоја епизода од омилената сапуница или повеќе сакате некој добар документарец? Експертите кажуваат дека вашиот избор кажува многу за вашиот карактер. Проверете дали има вистина во тоа.

0-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

1. Драмски серии

Ве бие глас дека сте одговорна личност која знае да разликува време за забава и време кога треба да се биде сериозен. Ве погодува туѓата несреќа, неизмерно сте осетливи на неправда и лесно ги впивате туѓите емоции.

2. Криминалистички серии

Вие сте приземјени, реалистични и објективни. Организирана личност која знае што сака од животот. Сакате да го вклучите мозокот и да се посветите на длабоки анализи.

3. Хумористични серии

Имате смисла за хумор, полни сте со паметни досетки и честопати сте саркастични. Во допир сте со вашите емоции, отворени сте и дружељубиви. Интелектуалци со изразена уметничка црта.

1-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

4. Сапуници

Вие сте романтичен оптимист кој постојано сонува. Ги цените традиционалните вредности и длабоко сте им посветени на вашето семејство и на вашите пријатели.

5. Документарни серии

Сакате да го стимулирате вашиот мозок – жедни сте за ново знаење и сакате да учите. Вие сте мала фабрика со податоци и информации за сѐ и сешто.

6. Научно-фантастични серии

Интелигентни сте и обожувате да читате. Страсни љубители на хобија и со часови можете да разговарате за нешта кои ве интересираат.

2-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

7. Реални шоуа

Вие сте забавни и опуштени. Ве интересира психологијата и општествените науки. Сакате да ги анализирате луѓето – нивното однесување и нивните односи.

8. Музички шоуа

Ги гледате другите во најдобро светло, обѕирни сте кон нив, верувате во искреност и добрина. Уметнички настроени, сакате да гледате вешти изведувачи како го унапредуваат својот занает.

9. Ток шоуа

Совесни, внимателни и претпазливи. Сакате навреме да си ги завршувате обврските и максимално да бидете ефективни.

10. Кулинарски шоуа

Ја обожувате храната и сѐ што е поврзано со кулинарството. Љубопитни и дружељубиви, често мајчински се однесувате кон другите и имате потреба да се грижите за луѓето околу вас.

3-drama-ili-humor-shto-kazhuva-vashata-omilena-serija-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар