Неколку докази дека апостолките можат да бидат најопасните летни обувки

Високите температури полесно се поднесуваат со боси стапала. Поради тоа, воопшто не е чудно што многу луѓе се одлучуваат за обувки како што се апостолките. Но, експертите предупредуваат дека постојат оправдани причини зошто би требало да престанете да го носите овој вид обувки, бидејќи и покрај тоа што станува збор за летен хит, тие можат сериозно да го загрозат вашето здравје.

5 докази дека апостолките може да бидат најопасните летни обувки

1. Апостолките предизвикуваат болести

Стапалата во апостолки се поизложени на бактерии и вируси. Тоа може да биде голем проблем доколку сте ја оштетиле кожата или сте се исекле, бидејќи на тој начин тие причинители на многу болести можат да влезат во вашиот организам и да ви предизвикаат многубројни здравствени проблеми.

2. Апостолките ве забавуваат и ве прават несмасни

Според едно истражување спроведено од страна на Универзитетот во Аубрун, луѓето кои носат апостолки прават помали чекори и со тоа побавно одат од луѓето кои носат патики. Конструкцијата на апостолките е таква што не им дава многу стабилност на стапалата, па ако одите по нерамен терен, на пример на плажа, постои поголема веројатност дека ќе се сопнете и паднете.

3. Апостолките ги уништуваат петите и прстите

Одењето во апостолки претставува особено оптоварување за петите. Гумата или пластиката од која тие се направени не го ублажуваат тоа оптоварување, што предизвикува болка во петите и нозете ако ги носите подолг период. Освен тоа, честото носење апостолки може трајно да го промени изгледот на прстите на нозете, кои поради тоа што мораат да ги одржуваат обувките на стапалата, често се накривуваат. Токму тоа може да предизвика голем медицински и естетски проблем.

4. Апостолките создаваат плускавци

Плускавците помеѓу прстите се честа последица од носењето апостолки, што не е воопшто чудно со оглед на фактот што овој вид обувки се одржува на нозете со помош на тврдо парче пластика или ткаенина. Оштетувањето на кожата на стапалата дополнително го загрозува здравјето поради изложеноста на веќе споменатите бактерии од околината.

5. Апостолките предизвикуваат болки и го менуваат телото

Овој вид обувки не нудат стабилност поради што луѓето кои ги носат одат подгрбавени, а тоа може да предизвика проблеми со ’рбетниот столб, колковите и колената. Од истата причина апостолките не се препорачуваат на луѓе со рамни стапала.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар