Најтешкото судоку на светот

Најтешкото судоку на светот

Пред да продолжите со читање, имајте на ум дека доколку започнете со решавање на ова судоку – големи се шансите да не можете да прекинете… Но, доколку сте решени да бидете дел од малцинството кои успеаа да го решат, земете веднаш пенкало и лист и започнете со пополнување на најтешкото судоку на светот.

Најтешкото судоку на светот

Ова судоку е објавено од Арто Инкала, фински математичар кој го дизајнирал да може да биде решено само од најострите умови.

„Според скалата на тежина која се движи од 1 до 5 ѕвезди, ова судоку би имало дури 11 ѕвезди.“

Наместо со помош на дедукција да можете да забележите во кое квадратче кој број припаѓа, овој пат со секој чекор ви се отвараат 2 или повеќе потенцијални можности кои одговараат на соодветното квадратче. Но секако само еден е точниот одговор. За да пристигнете до него ќе мора да ги истражите сите можни опции.

„Најтешкиот дел е тоа што ќе мора да размислувате околу 10 чекори однапред, истражувајќи истовремено неколку можни решенија сè додека не ги елиминирате сите освен точното.“

Доколку решите да се откажете, можете решението да го погледнете тука.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. судокумастерка Reply

    Решено! =)

  2. kiki Reply

    reseno ili prepisano?!

  3. Диме Reply

    Ех… Google Goggles го решава во 1 sec 😛

Напиши одговор на kiki Откажи одговор