Тест: Изберете карта за да го добиете одговорот на вашето прашање!

Тест: Изберете карта за да го добиете одговорот на вашето прашање!

Ментално поставете си прашање на кое може да се одговори со „ДА/НЕ“. Дали прашањето ќе биде поврзано со љубов, работа или некоја друга ситуација – зависи од вас. Потоа изберете една од овие карти и прочитајте го нејзиниот одговор!

Тест: Изберете карта за да го добиете одговорот на вашето прашање!

  • Карта бр. 1

    Одговорот на вашето прашање е – НЕ. Во спротивно, мора да бидете подготвени да зачекорите во непознатото, и целосно да го напуштите стариот начин на живот. Доколку, пак, го направите тоа ќе морате да ги преиспитате сопствените вредности и идеали и да започнете сосема нов живот.

  • Карта бр. 2

    Одговорот на вашето прашање е ДА, особено за љубовните работи. Одговорот е НЕ – ако не сте подготвени за нови чувства и емоции. Станува збор за неочекуван пресврт затоа што ќе имате можност да се заљубите и да бидете сакани, но и да ги решите проблемите на нов начин.

  • Карта бр. 3

    Одговорот на вашето прашање е ДА – ако сте подготвени да ги надминете тешкотиите и да се стремите кон ново поглавје. Одговорот е НЕ – ако не сте подготвени да се промените. Сè ќе биде добро кога во душата ќе ви биде исполнета со желбата да научите нови работи поврзани со вашето прашање. Не плашете се да му се препуштите на непознатото и да го проучувате светот околу вас.

  • Карта бр. 4

    Одговорот на вашето прашање е ДА – ако ја слушате вашата интуиција. Одговорот е НЕ – ако и се препуштите на логиката и целосно го игнорирате вашиот внатрешен глас. Од друга страна, картата ве охрабрува да не избрзувате и да не го нарушувате моменталниот тек на нештата.

  • Карта бр. 5

    Одговорот на вашето прашање е ДА – на сите прашања за материјална благосостојба и интимност особено во случај на измама и зависност. Вашето прашање е всушност многу важно за вас. Меѓу другото, картата ве предупредува да не станете роб на некого или на нешто.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете кој е вашиот нерешен судбински предизвик.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар