Тест: Изберете слика за да откриете кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

Тест: Изберете слика за да откриете кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

Во животот на секој од нас постојат одредени аспекти каде секогаш се појавуваат предизвици. Според некои, станува збор за карма од минатите животи со која морате да се справите во овој. Изберете слика за да дознаете кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

Тест: Изберете слика за да откриете кој е вашиот нерешен судбински предизвик!

  • Слика бр. 1

    Во минатиот живот, поголемиот дел од времето сте го поминувале сами, сте биле изолирани и сте се чувствувале напуштени од другите. Ова е причината зошто ги негувате вашите врски и ќе направите сè за да го спречите распаѓањето на секоја врска. Понекогаш можете да го видите само доброто во една личност или го гледате нејзиниот потенцијал и тешко ви е да се откажете од тој идеал кога врската ќе стане токсична. Кога тоа ќе ви се случи, се борите за неа подолго отколку што е потребно. Ова е поради вашиот страв да бидете сами или поради стравот дека нема да наидете на поддршка и одобрувања од другите. Доколку научите навремено да ги препознаете знаците на предупредување ќе се спасите од од болка и разочарување. Предизвикот може да биде во која било или во сите ваши врски – во односите со семејството, пријателите, во романтичните и/или деловните односи.

  • Слика бр. 2

    Во минатиот живот сте доживеале многу тешки ситуации, а непромислените одлуки ви донеле несреќни резултати. Вашите одлуки ве ставиле во опасност вас и другите, финансиски и физички. Тие грешки придонеле за намалена самодоверба, а тоа се пренело и во сегашниот живот. Постојат неколку начини да се реши овој проблем – одвојте време внимателно да размислите за вашите одлуки и утврдете ги сите успешни и мудри постапки што сте ги презеле во неодамнешното минато. Друг предлог е да не барате мислења и совети од другите луѓе затоа што тоа може да предизвика уште поголема конфузија.

  • Слика бр. 3

    Во претходниот живот постојано сте биле жртва на измама. Ова ве натерало да се држите настрана од другите и затоа понекогаш не знаете кому можете да му верувате. Во овој живот ќе привлечете луѓе кои ќе ја тестираат вашата вера и доверба во нив. Клучот е да посветите внимание на вашата интуиција и да им верувате на луѓето кога ќе ви покажат точно кои се. Знаците се секогаш тука, можеби не на почетокот, но тие се секогаш таму. Секогаш е најдобро да одвоите време да се поврзете со луѓето додека градите односи со нив. По околу 3 месеци ќе можете да ја сфатите нивната природа, а потоа можете сами да одлучите дали се достојни да бидат во вашиот внатрешен или надворешен круг, дали заслужуваат да бидат ваши пријатели или само познајници.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што е тоа што ве прави несреќни.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар