Тест: Изберете мандала и откријте што е тоа што ве прави несреќни

Тест: Изберете мандала и откријте што е тоа што ве прави несреќни

Фокусирајте се и изберете ја мандалата што најмногу ви се допаѓа. Таа ќе ви открие што треба да смените во вашиот карактер за да бидете среќни.

Тест: Изберете мандала и откријте што е тоа ве прави несреќни

  • Мандала бр. 1

    Вие сте многу љубезна и искрена личност и многумина ве ценат поради тоа. Сепак, наместо постојано да се фокусирате на другите понекогаш треба да си посветите внимание и себеси. Морате да научите да ги браните вашите лични граници. Не заборавајте дека многу луѓе се несреќни токму поради неможноста да кажат „не“. Така, поради стравот да не навредат некого овие луѓе најчесто се повредуваат себеси. Со други зборови, не дозволувајте другите да владеат со вашиот живот, макар тоа да се најблиските луѓе. Не грижете се бидејќи тие ќе ве разберат и ќе ве прифатат. Од друга страна, оние кои не знаат како да ја ценат туѓата индивидуалност и веруваат дека секој треба да ги задоволи со нешто, не заслужуваат да бидат покрај вас.

  • Мандала бр. 2

    Вие сте затворена, интровертна личност по природа, па затоа честопати се чувствувате осамено. Сепак, не треба да се плашите да се изразите. За да го направите тоа првин морате да престанете да размислувате што другите ќе кажат за вас. Не заборавајте дека ќе успеете да ги привлечете вистинските луѓе кон себе само доколку не се преправате да бидете друга личност. Не плашете се да правите грешки бидејќи сите ние сме луѓе, сите ние грешиме и учиме. Не плашете се да бидете свои и реални.

  • Мандала бр. 3

    Вие сте шармантна и занимлива личност, но најважното нешто што треба да го запомните е да не се заборавате себеси. Така, понекогаш чувствувате дека монотонијата и секојдневната рутина ве лишуваат од сета животна радост. Напати, чувствувате дека светот за кој макотрпно сте работеле за да го изградите ќе се сруши доколку и за миг престанете со работа и нема да можете потоа да го обновите. Но, секогаш можете да ги оставите настрана рутинските задачи и да уживате во оние нешта што ве прават среќни. Не заборавајте дека нема да настапи крајот на светот ако за миг ги одложите работите. Размислете кои места сакавте да ги посетите, но постојано го одложувавте патувањето или кои нешта сакавте да ги купите, но одлучивте да заштедите. Запомнете дека животот е премногу краток за да го поминете заглавени во постојаната, здодевна рутина.

Доколку се забавувавте со нашиот тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг за да дознаете што ве очекува во септември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар