Најпознатите опседнати хотели во светот

Најпознатите опседнати хотели во светот

Страшни приказни или незамисливи вистини? Изгледа како верувањето во духови да го следи развојот на човештвото од самиот негов почеток. И штом сте го отвориле овој текст, сигурно и вие барем малку верувате во паранормалното. Што мислите, дали тие навистина постојат и ако да, дали некогаш би можеле да го докажеме нивното присуство? Погледнете ги 10-те најстрашни опседнати хотели во светот.

Хотел Челси – Њујорк, Америка

Хотелот Челси, кој денес се смета за боемска знаменитост, бил изграден помеѓу 1883 и 1885 година. И покрај тоа што бил дом на безброј артисти, автори, поети и музичари, сепак најпознат е како местото каде што басистот Сид Вишос од Секс Пистолс ја избодел до смрт својата девојка Ненси Спанџен. Тој исто така починал од предозирање пред случајот да дојде на ред за судење.

Во хотелот поетот Дилан Томас паднал во фатална кома и брзо потоа починал во болница. Но, некои луѓе веруваат дека Сид Вишос и Дилан Томас воопшто не го напуштиле хотелот Челси. Заедно со писателот на драми Јуџин О`Нил и новелистот Томас Волс, тие биле забележувани како талкаат низ ходниците на хотелот. Гостите пријавувале и други видови паранормални феномени, од студен воздух и фантомски чекори, па сè до светла кои по своја волја се вклучувале и исклучувале. Во моментот Хотелот Челси е затворен поради реновирање.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Талбот – Ондл, Англија

Замокот Фотерингеј бил изграден околу 1100-тата година. Тој имал разнобојна историја. Замокот бил родното место на Ричард III, како и местото каде што се одвивало судењето и обезглавувањето на Кралицата на Шкотите Мери. До 1600-тата година замокот веќе бил срушен, но голем број делови од него биле спасени. Најпознати од нив се дабовите скали кои го пронашле своето место во Хотелот Талбот.

Легендата вели дека Мери се симнувала по нив додека се движела кон местото на нејзиното погубување, оставајќи трага на дрвото во форма на круна која ја направила со својот прстен. Нејзиниот дух бил забележан како се движи надолу по скалите, мебелот сам се разместувал и многу очевидци тврдат дека виделе како портретот на Мери отскокнувал од ѕидот.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Кастиљо дела Кастелуција – Рим, Италија

Хотелот Кастиљо дела Кастелуција е реновиран замок од 11-ти век кој гостите го опишуваат како место од бајките. Тој имал голема историја позади себе и бил дом на многу аристократски фамилии. Но, неговото наследство западнало во сенка бидејќи денес е познат како место кое е опседнато со 3 духа и се верува дека еден од нив е лудиот Император Неро кој бил забележуван како шета низ градините. Гостите исто така пријавувале и коњи кои поминувале покрај хотелот длабоко во ноќта.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Кралицата Мери – Калифорнија, Америка

Кралицата Мери била луксузен превозник преку океанот за славни и познати личности. За време на Втората светска војна, тој бил обоен сиво и бил употребуван како превозно средство за војската. Кога завршила војната, бродот се вратил во својата оригинална намена.

Во 1967 година, Кралицата Мери се „пензионирала“ и денес работи како хотел на пристаништето во Лонг Бич, Калифорнија. Гостите тврдат дека виделе како жена облечена во костим за капење од 30-тите години се шета околу базенот. Исто така тие велеле дека се слушал плач на деца во ноќта и дека телефоните ѕвонеле без никој да има на другата страна од слушалката.

За разлика од менаџерите на другите хотели кои негираат дека постојат духови помеѓу нивните ѕидови, Кралицата Мери ги прифаќа своите „постојани гости“ и им нуди на оние кои престојуваат дневни тури во најопседнатите делови на бродот.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Неделна резиденција Акасака – Токио, Јапонија

Јапонците отсекогаш сериозно ги сфаќале своите духови и токму Токио е домот на приказните за Нопера-Бо, застрашувачки дух кој изгледал нормално сè додека не му се приближи некоја личност. Кога ќе ве забележи, тој го открива своето бело лице без никакви црти.

Едно од најопседнатите места во Токио се верува дека е Неделната резиденција Акасака, каде што гостите тврдат дека виделе призраци, магливи духови и понекогаш чувствувале како раце без тело ги допирале додека спиеле.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Фермонт Банф Спрингс – Банф, Канада

Овој хотел кој се наоѓа високо во планините на Канада е прекрасен средновековен замок во дивината. И покрај тоа што вработените во хотелот го негираат постоењето на какви било духови, сепак постојат приказни од гостите кои укажуваат на спротивното. Најчесто забележуваниот дух е невеста која се верува дека загинала во трагична несреќа веднаш пред нејзината свадба.

Другата приказна која е многу поексцентрична вклучува постар портир кој се викал Сем Мекаули. Тој толку многу го сакал хотелот, што откако починал продолжил да ја работи својата работа во него. Гостите тврделе дека постар портир им помагал со багажот и исчезнувал пред тие да имаат шанса да му остават бакшиш.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Расел – Сиднеј, Австралија

Австралија имала тешка историја, со оглед на тоа дека започнала како Британска казнена колонија. Хотелот Расел исто така е дел од тие темни почетоци. Хотелот бил употребуван како болница во страшниот период на епидемијата на сипаници и Бубонската чума, а потоа станал дом и хостел за морнари. Денес се верува дека барем еден од тие морнари одлучил никогаш да не замине. Гостите кои престојувале во собата број 8 тврделе дека темно присуство демнело над нивниот кревет, зјапајќи надолу во нив. Некои луѓе велат дека неодамнешното реновирање на градбата ги „разбудило“ старите духови и токму поради тоа нивната активност била зголемена.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Гранд Хајат – Тајпеј, Тајван

Гласините велат дека овој хотел бил изграден врз земјиште кое служело за погубување, како и за затворски камп за време на Втората светска војна. Земјата била толку многу „отруена“ со смрт и очај и токму поради тоа се верува дека паранормалната активност била пренесена и може да се забележи во модерниот хотел, кој локалните жители го избегнуваат како чума.

Дури и познатиот актер Џеки Чен пријавил морничаво доживување, истрчувајќи од својата соба среде ноќ откако забележал дух. Очајните менаџери во хотелот се обратиле кај експертите за фенг шуи со надеж дека ќе им помогнат, и тие поставиле неколку објекти и амајлии низ хотелот со цел да ги плашат духовите.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел-замок Белигејли – Ларн, Северна Ирска

Замокот Белигејли бил изграден во 1625 година и во него живеела фамилијата Шо. Во текот на годините, неколку сопственици се смениле и на крај тој станал хотел. Еден од неговите први сопственици бил Џејмс Шо, сопруг на Лејди Изобел. Се верува дека кутрата Изобел на некој начин го измамила својот сопруг.

Некои веруваат дека имала љубовник, додека пак другите велат дека нејзината единствена грешка била тоа што едноставно не можела да му роди машко дете. Шо ја затворил својата жена во куполата и ја оставил таму да умре од глад, а таа сакајќи да ја избегне својата долга и мачна смрт решила да скокне од прозорот на кулата. Гостите кои престојувале во овој хотел тврделе дека таа многу често се појавува низ ходниците, како и дека има навика да им чука на врата во ниедно време.

Гласините велат дека можно е и Џејмс да е присутен, бидејќи се верува дека бил отруен во замокот. Друг дух кој „престојува“ во хотелот е и Мадам Никсон, која била забележувана во прекрасен и елегантен фустан. Меѓу другото, низ ходниците може да се слушне и злобна смеа на деца.

Најпознатите опседнати хотели во светот

Хотел Ле Павилон – Њу Орлеанс, Америка

Овој хотел е изграден во 1907 година. На неговиот веб-сајт можете да прочитате дека станува збор за „место каде што гостите инстантно можат да се впуштат во денови исполнети со луксуз, романтични вечери и забавни ноќи“. Но, она што не го пишува е дека гостите би можеле да се сретнат и со мртвите. Се верува дека овој хотел е опседнат од најмалку 5 различни духови. Најпознатиот од нив е Ада, насолзена тинејџерка која била убиена од кочија. Гостите тврдат дека таа се удира во луѓе во лобито, велејќи им дека е изгубена и веднаш потоа исчезнува. Ада можеби е постара и од самиот хотелот, бидејќи гостите велат дека нејзината облека наликува на онаа од средните 1800-тини години.

Исто така била забележана и постара жена со бела коса во црн фустан, како и љубовен пар кои се држат за рака. Некои велат дека можат да го намирисаат чадот од цигарата на човекот, како и парфемот на девојката. Најинтересниот од сите духови во хотелот е хипикот – млад човек со разнобојна наметка и панталони-ѕвонарки кој не носи чевли. Тој многу често бил забележуван како трча наоколу и како исчезнува во ѕидовите. Овој дух исто така сака да прави шеги со гостите, така што крие нивни објекти и им ги краде ќебињата.

Најпознатите опседнати хотели во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Цветко Алимпиев Reply

    Што значи тоа „опседнати“? – седи некој во нив? – под опсада се? – запоседнати се? – окупирани се? – или нешто трето?! Иако сум професор цел живот по разни универзитети, но и филолог – не разбрав!
    Или препишувавте од „странски“ па преведувачот бил некој весел во моментот?!

    Поздрав
    Цветко.

Напиши одговор на Цветко Алимпиев Откажи одговор