Психолозите тврдат: Постои сè поголема опседнатост на девојчињата со физичкиот изглед

Пред 20 години, психологот Стив Бидалф напишал книга за проблемите со кои се соочуваат родителите во воспитувањето на момчињата. Во тоа време, тој мислел дека одгледувањето девојчиња не е компромитирано од надворешните влијанија. Сепак, по толку години, неговиот став за разликите во родителскиот пристап е драматично променет. Бидалф е загрижен што дури и по 60 години феминизам, сè уште се поставува прашањето што ги вознемирува девојчињата – Како изгледам?

Психолозите тврдат: Постои сè поголема опседнатост на девојчињата со физичкиот изглед

И пред девојките да станат сексуално активни, нивната привлечност и атрактивност станува опсесија. Бидалф додава дека, како психолог, забележал одредено зголемување на бројот на девојчиња со проблеми со менталното здравје. Многу деца страдаат од разни форми на вознемиреност. Бројот на млади луѓе со нарушувања во исхраната, исто така, е во пораст. Бидалф, исто така, забележал блага форма на депресија, што претходно ја немало кај девојчињата. Севкупно, детството на девојчињата е сè пократкотрајно и сè помалку забавно.

Новите генерации девојчиња се опкружени со слики што им кажуваат како треба да изгледаат. Некои девојчиња одбиваат да јадат, додека други имаат проблеми со дебелината и не размислуваат да држат диета. Сепак, диетите во детството може да доведат до сериозни долгорочни здравствени последици.

Стив ги советува родителите да се фокусираат на здравјето на своите ќерки, а не на нивните проблеми со тежината. Многу е важно за време на семејните оброци, да се пие вода наместо сок, но исто така, неопходно е децата да се охрабрат да вежбаат.

Модерните играчки, особено куклите, им даваат на девојчињата претстава како треба да изгледаат. Идеалот за убавина е претставен преку девојчиња во кратки здолништа, со долга коса и изразена шминка и деколте. Сепак, не е само индустријата за играчки таа која им наметнува на децата модел за појавност и однесување. На тоа влијаат и бројните рекламни кампањи, социјалните мрежи и телевизиската програма, тврди Бидалф.

Истражувањата покажале дека телевизиската програма им ги испраќа следниве пораки на девојките:

  1. Вашиот изглед е најважен.
  2. Вашите физички карактеристики (облик на тело, тежина, кожа, коса, заби, тен, мирис) никогаш не се доволно добри.
  3. Сексот е средство со кое се добива љубов, внимание или моќ.
  4. Светот е застрашувачко, осамено и опасно место.
  5. Решение за сите проблеми е да си купите нешто.

Во таков систем на вредности, Бидалф ги советува родителите своите деца да ги насочат на поинакви примери. Девојките треба да научат да се прифаќаат такви како што се, а разговорите со родителите тука се клучни, советува психологот Стив Бидалф.

Можеби сакате да прочитате и дека една студија открива зошто прославувањето на родендените на децата е важно?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар