Претходно
Најлошите 17 нешта кои можат да ви се случат во близина на вашиот симпатија
Веќе некое време го набљудувате тоа симпатично момче кое со својот шарм успеал целосно да ве освои. Без разлика дали тој знае дека постоите или не, вие се топите секој пат кога тој ќе помине покрај вас… Всушност толку многу се губите во неговиот поглед, што едноставно не можете ни да го контролирате своето тело и тој одеднаш сфаќа дека зјапате во него. Без да трепнете! Непријатна ситуација, се согласувате? Па, погледнете ги следниве 17 најлоши нешта кои можат да ви се случат во негова близина…
1. Тој да ви каже дека никогаш не би направил нешто со што би го ризикувал вашето пријателство, бидејќи ве гледа како незаменлива пријателка.

2. Тој да ви каже дека ве доживува како сестра.

3. Тој конечно да ве тргне настрана и да ви побара информации за вашата најдобра пријателка.

4. На ваше големо изненадување, таа пријателка сепак да реши да оди на состанок со вашата симпатија.

5. Тој да ви раскажува за својата симпатија и за тоа колку е лошо да му се допаѓа некој на овој начин.

6. Вие објавувате селфи на социјалните мрежи и тој НЕ го лајкнува.

7. Но, не се воздржува да стави срце или палец на селфито од друга девојка.

8. И покрај тоа што вие го знаете првото и средното име, како и презимето на вашата симпатија, тој никако не може точно да го запомни дури ни вашето име.

9. Кога ги разгледувате неговите фотографии, случајно му лајкнувате фотографија од пред неколку години.

10. Тој забележува дека вие зјапате во него. Без да трепнете.

11. Неговиот најдобар пријател има симпатии кон вас, правејќи невозможна ситуација за вие двајца некогаш да бидете заедно.

12. Го наоѓате на сајт за состанување, му испраќате порака и не добивате одговор.

13. Вашата симпатија се осмелува да ви постави прашање кое не е „Ќе сакаш ли да се омажиш со мене?“

14. Кога конечно ќе соберете храброст да му пристапите, почнувате да зборувате неразбирливи глупости бидејќи јазикот ви се заплеткал.

15. Или пак, се сопнувате и паѓате точно пред неговите нозе.

16. Тој лудо се заљубува во друга девојка и постојано ги гледате заедно.

17. Тој конечно ве поканува на состанок и вие пресреќни излегувате со него, но по само неколку минути сфаќате дека тој всушност ни најмалку не ви се допаѓа…






























