Зошто е лошо да се биде првородено дете?

Големи се шансите дека вашите родители, баби и дедовци, па дури и омилените тетки постојано гласно ве споредуваат со вашата помала сестра или брат на секој фамилијарен собир. Вашето тело постојано е тема на разговор, бидејќи е толку различно од телото на вашата помала сестра или брат кој/а е многу послаб/а од вас. За среќа, постои една нова студија која би можела да објасни зошто вашата помала сестра или брат имаат и помала телесна тежина.

Зошто е лошо да се биде првородено дете?

Според ова истражување од Шведска, кое било спроведено на повеќе од 26.000 жени, се открило дека првородените деца имаат околу 30% поголема шанса да бидат со прекумерна тежина од своите помлади браќа и сестри. Студијата исто така открила и дека првородените машки деца, покрај склоноста кон поголема телесна тежина од нивните помлади браќа, исто така имаат и поголеми шанси за развивање проблеми со високиот крвен притисок и отпорноста на инсулин.

Резултати на оваа студија укажуваат на фактот дека токму ова може да биде причина за зголемување на светскиот проблем со телесната тежина. Бидејќи сè повеќе луѓе се одлучуваат само на едно дете, постојат сè повеќе деца склони на поголема телесна тежина кои ја населуваат планетата. Но, не е сè негативно кај оваа студија. И покрај тоа што делува како на првородените деца да им е судено да бидат дебели, сепак истражувачите се оптимистични. Тие ви овозможуваат можна причина зошто вашите сестри и браќа имаат толку различни типови на тело од вашето, но исто така покажуваат и дека вие можете да го добиете телото кое го посакувате.

Разликата во вашата тежина не е вина на вашата сестра или брат. Исто така, студијата не открила дека станува збор за генетска разлика, туку дека проблемот се крие во матката на мајката. Бидејќи матката е многу позатегната за време на првата бременост, научниците откриле дека првородените деца биле изложени на околина која го репрограмирала нивниот метаболизам и регулација на маснотиите, па токму затоа и тие имаат побавен метаболизам и се посклони на дебелење. Но, доколку редовно вежбате и правилно се исхранувате, многу брзо можете да го достигнете телото кое го посакувате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар