Најчестите зборови што луѓето ги изговараат во сон

Најчестите зборови што луѓето ги изговараат во сон

Зборувањето во сон може да биде многу срамно, особено кога кажувате нешта што на свесно ниво би сакале да ги задржите за себе. И според едно ново истражување, можеби имате уште една причина плус за грижа, бидејќи ако зборувате во сон, големи се шансите да кажувате навредливи и погрдни нешта додека спиете.

najchestite-zborovi-shto-lugjeto-gi-izgovaraat-vo-son

Студијата, што била спроведена од страна на д-р Изабела Арнулф, открила дека зборовите што биле изговорени за време на спиењето често се негативни, вулгарни и насочени кон одредена личност. Тимот од истражувачи анализирале 232 возрасни, од кои 129 имале нарушување на РЕМ фазата, 87 доживувале одење во сон или кошмари, 1 имал ноќна апнеа и останатите 15 биле без никакви проблеми со сонот.

Во текот на две недели, истражувачите го снимале тоа што тие го зборувале додека спиеле. Со неколку зборови, имало 883 инциденти со зборување во сон, што содржеле 3.349 неразбирливи зборови. Но, од оние зборови што можеле да се разберат, најчестиот бил „НЕ“.

Студијата открила дека 24% од зборувањето во сон било со негативна содржина, а 22% содржело погрден јазик. Скоро 10% од целото зборување во сон вклучувало пцовки.

Од каде оваа негативност?

Истражувачите веруваат дека ова се случува бидејќи зборувањето во сон настанува за време на РЕМ фазата, периодот кога имаме интензивни, емотивни соништа. Овие соништа може да содржат заканувачки ситуации, што би можело да го објасни користењето на негативниот јазик.

Интересно е тоа што граматиката изгледа цврста за време на соништата.

„Тоа што сега го знаеме е дека зборувањето во сон е многу слично со зборувањето во будна состојба, кога станува збор за точна граматика“, вели д-р Арнулф. „Разликите се квалитативни: ноќниот јазик е негативен, вулгарен и најчесто се однесува кон друга личност, не кон себе. Тоа сугерира дека мозокот ја користи истата мрежа како кога е буден.“

Па, ако и вие сте зборувачи во сон, тогаш можеби треба однапред да му се извините на вашиот партнер во спиење, за секој случај бидејќи можете да бидете многу некултурни во соништата.

Во последно време имате проблем со несоница? Ова се последиците доколку спиете помалку од 6 часа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар