Жени кои одлучиле да престанат со отстранување на влакната споделуваат нивни фотографии

Денес прифаќањето зема поголем замав од кога било. Каде и да се свртите, социјалните норми и табуа се предизвикани, особено кога станува збор за физичкиот изглед и очекувањата за тоа како треба да изгледаат жените. Сепак живееме во слободно, индивидуално општество каде што не би требало да чувствуваме притисок да исполниме некои неприродни или нереални очекувања.

Жени кои одлучиле да престанат со отстранување на влакната споделуваат нивни фотографии

Доколку сте поконзервативни, промените што настануваат може да ви изгледаат навистина брзи, па да не знаете што всушност да следите. Најновиот тренд е познат како „Januhairy“, комбинација од англиските зборови January (јануари) и hairy (влакнесто). Влакнестиот јануари е еден вид предизвик каде што жените им дозволуваат на нивните влакна да растат слободно. Тие се охрабрени да бидат најдобрата верзија од себе и да не ги исполнуваат туѓите мислења и очекувања кога станува збор за нивниот изглед.

Жени кои одлучиле да престанат со отстранување на влакната споделуваат нивни фотографии

Иако има поминато само една недела од овој месец, жените ширум светот веќе почнаа да објавуваат фотографии од нивниот напредок. Очигледно предизвикот им се допаднал на многу девојки и голем дел од нив сметаат дека доколку мажите „имаат право“ да бидат влакнести и секси, истото треба да важи и за жените.

Жени кои одлучиле да престанат со отстранување на влакната споделуваат нивни фотографии

Овие храбри девојки се свесни дека само тие можат да избираат што е добро за нивното тело и дека никој не треба да го контролира тоа. Дали и вие би го пробале овој предизвик?

Жени кои одлучиле да престанат со отстранување на влакната споделуваат нивни фотографии

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар