На кој датум луѓето умираат најчесто?

На кој датум луѓето умираат најчесто?

Секогаш кога наближува петок 13-ти, суеверијата нè потсетуваат дека овој ден треба да биде несреќен. Но, изгледа дека има друг датум за кој треба да бидеме повеќе загрижени. Според едно неодамнешно истражување, помеѓу 2005-та и 2017-та година поголемиот дел од луѓето умреле на 6-ти јануари.

На кој датум луѓето умираат најчесто?

Всушност, според анализата од Канцеларијата за национална статистика, 10-те денови во кои е најверојатно да умрете се помеѓу 30-ти декември и 9-ти јануари. Според статистиката, на 6-ти јануари помеѓу 2005-та и 2017-та година умреле 25% повеќе луѓе. Со други зборови, на овој ден во просек умирале 1.732 луѓе, за разлика од дневниот просек кој е 1.387 луѓе. Но која е причината за ова?

Изгледа дека одговорот не е толку мрачен – најчестата причина бил студот. Судената зима не е пријатна за никого, но е особено проблематична за луѓето со ослабен имунитет поради настинка, болест, возраст или други фактори, како на пример, бременост.

Поради сите инфекции кои се шират овој период луѓето можат да бидат навистина ранливи, а понекогаш ова резултира и со смртен случај. Ник Страјп од Канцеларијата за национална статистика изјавил:

„Бројот на повеќе смртни случаи во Англија и Велс во 2017-та и 2018-та година беше највисок од зимата во 1975-та и 1976-та година. Сепак, покачувањата како ова не се необични – имаме видено над 8 покачувања во изминатите 40 години.“

За жал, во јануари се зголемувал и бројот на самоубиствата. Во периодот по Божиќ се појавувале повеќе луѓе со депресија и зголемено ниво на стрес. Наводно ова е поради крајот на празничниот период, во комбинација со стресот кој доаѓа со враќањето на работа. Самоубиствата и обидите за самоубиство станувале почести по празниците, особено на крајот од декември и во средината на јануари. Финансискиот притисок и притисокот од семејството во овој период се можеби главни фактори за ова.

Дали знаете што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар