Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

Препеви на познати песни кои ќе ви ги разбудат емоциите

Обожавате да слушате акустична поп рок музика? Ако одговорот е да, а вие сè уште не сте слушнале за бендот Бојс Авенју, тогаш дефинитивно ова е вашиот среќен ден. Покрај нивната авторска музика, талентираните момци од овој бенд, фантастично препејуваат многу светски хитови, во кои успеваат да зазвучат и подобро, или во најмала рака, посекси од оригиналните изведувачи.

Бојс Авенју е бенд од Флорида, познат по својата акустична основа и мелодичен алтернативен поп рок звук. Составен е од тројца браќа Алехандро, Фабијан и Даниел Манцано. Името на бендот е конструирано од комбинација на имиња на две улици, на кои браќата живееле додека биле деца.

Браќата за првпат се соединиле како бенд во 2004 година откако Алехандро (водечки вокал, гитарист и пијанист), Фабијан (гитарист и вокал) и нивниот постар брат Даниел (бас, вокал и ударни инструменти) ги постигнале своите поединечни цели за образование. И покрај тоа што музиката била секогаш дел од нивните животи, а и нивна колективна цел, сепак стекнување високо образование било исто така важно за браќата. Откако дипломирал право на Харвард, најстариот брат Даниел се преселил во Флорида кај неговите браќа Фабијан и Алехандро, кои тогаш посетувале настава на Универзитетот во Флорида. Тогаш, браќата продолжиле да создаваат музика и да одржуваат локални „тезги“, со што ги направиле првите чекори кон постанување вистински бенд.Препеви на познати песни, кои ќе ви ги разбудат емоциитеВо 2007, со цел да ја споделат нивната музика и идеи со светот, Бојс Авенју започнаа да снимаат и постираат музички видеа на Јутјуб  од нивните песни, како и препеви на денешни и постари хитови од други изведувачи. Некои од првите видеа кои тие ги постираа, вклучително и акустични препеви на Џастин Тимберлејк – Лавстоунд, Ријана – Амбрела и Колдплеј – Вива ла Вида, веднаш беа кликани од посетители на Јутјуб.

Во периодот од 2007 до 2008 година, песните на Бојс Авенју беа погледнати милиони пати, а на нивниот Јутјуб канал собраа 100.000 следачи. Денес, бендот има вкупно над 310.560.748 гледања на Јутјуб, а бројот на следачи на нивниот канал изнесува над 649.000, што го прави светски популарен Јутјуб-канал. Во текот на овој период бендот продолжи да создава оригинална музика, која прерасна во деби албум издаден во 2008, а насловен „All You’re Meant To Be“. Нивниот втор албум насловен „All We Have Left“, излезе на 15 јуни 2010.

Овој бенд се прослави со препевите на познати песни од Колдплеј, Ријана, Бруно Марс, Ју ту, Џастин Тимберлејк, Леона Левис, Лејди Гага, Бритни Спирс, Пинк, Кети Пери, Трејси Чепман, Мајкл Џексон и други. Сега тие одржуваат турнеи низ државите на САД и Европа.

Уживајте во нашата селекција препеви од Бојс Авенју:

Perfect – Pink

Only Girl in the World – Rihanna

Lovestoned – Justin Timberlake

Teenage Dream – Katy Perry

Just Can’t Get Enough – Black Eyed Peas

Grenade – Bruno Mars

Дуети

With Or Without You – U2 (Boyce Avenue & Kina Grannis)

Airplanes – BoB & Hayley Williams (Boyce Avenue & DeStorm)

Мешавина од две песни

What Goes Around/Rehab – Justin Timberlake/Rihanna

Circus / Just Dance – Britney Spears/Lady Gaga

Доколку сакате да ги слушнете оригиналните песни на Бојс Авенју, како и други нивни препеви, посетете го нивниот популарен Јутјуб-канал и почувствувајте ја музиката со вашето срце.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар