Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, разиграните облачиња, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи… Ах, колку многу причини има да се сака летото… Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но додека трае летото, треба максимално да уживаме во него бидејќи ќе мине за миг. Како се доживува летото?
Летото е како…
цвет кој ја видел убавината на денотбавчи полни со црвени овошки на зелени дрвјанешто суво, жешко, жолто…добра топка сладолед во корнетмагичен одблесок на сончевите зраци од водените површинибесконечна игра – прскање во вода и со водачитање добра книга на раатзабава за сите кои знаат како да се забавуваатмногу денови поминати високо во воздухотзалез на сонце кој не сакате да го пропуштитескокање во водадетска радостоблаци кои играат на неботоразлеани капки вода кои танцуваат под сончевите зрацикрајбрежје, вода, песок, плажа…свежи краткотрајни дождовимомент за семејствотокапка роса на треватаприродата насликана со весели боиодмор на планинаромантична средба под отворено неботопол погледстрастен бакнеж
Што е за вас летото? Што го прави ова годишно време незаборавно во вашиот живот?