Морничави пред и потоа фотографии од луѓе на кои им била направена лоботомија

Во 1935-та година доктор Егас Мониз слушнал за експеримент каде што отстранувањето на фронталните лобуси на две шимпанза резултирало со намалено насилно однесување. На овој начин шимпанзата станале полесни за контролирање. Докторот решил да го повтори експериментот на луѓе и набрзо откако ја извел процедурата објавил студија во која тврдел дека овој метод е иновативен начин за лекување на менталните болести. Денес Мониз е познат по откривањето на лоботомијата, една од најсрамните и најтрагичните медицински процедури.

Од 1945-та до 1947-ма година биле изведени околу 2.000 вакви зафати. Но откако Мониз добил Нобелова награда за откритието во 1949-та година, бројката пораснала на неверојатни 18.000 пациенти. Оваа операција се сметала за корисна во минатото поради многу фактори, најмногу затоа што не постоеле лекови или терапија кои биле доволно ефективни. Сепак, и погрешните информации и активните кампањи за ефективноста на лоботомијата имале голем удел.

Лекарот Волте Фриман ја прославил оваа процедура во САД. Без никаков медицински тренинг, тој решил да направи мала промена во операцијата – наместо да прави дупки во черепот, тој ги бодел мозоците на пациентите со шило преку нивните очи. Фриман го усовршил овој метод до тој степен што му биле потребни само 12 минути за една операција. Патувал низ државата со комбе кој го нарекол „Лотомобил“ и ја извршувал процедурата во нестерилна околина.

Но, Фриман и многуте доктори кои ја изведувале операцијата често ги занемарувале одвратните несакани ефекти. Најмногу се фокусирале на изгледот на пациентите и ослободувањето од неудобноста што им ја предизвикувала болеста на семејствата на пациентите. Ова е нагласено на овие фотографии што ги правел Фриман и ги користел како доказ дека лоботомијата е добар лек.

Морничави пред и потоа фотографии од луѓе на кои им била направена лоботомија

8-годишно момче со шизофренија кое било затворано во подрумот поради насилно однесување. Фотографијата лево е пред зафатот, а десно е една година подоцна.

Морничави пред и потоа фотографии од луѓе на кои им била направена лоботомија

Жена со кататоничка шизофренија која 2 години била третирана со терапија со електрошокови. Фотографијата десно е направена 8 денови по лоботомијата.

Морничави пред и потоа фотографии од луѓе на кои им била направена лоботомија

Во некои случаи пациентите се враќале кај семејството во несвесна состојба. Пациентите со едноставна шизофренија биле добри миленици по зафатот. Фотографијата лево е пред лоботомијата, а десно е една година подоцна.

Морничави пред и потоа фотографии од луѓе на кои им била направена лоботомија

27-годишна жена со кататоничка шизофренија. Десно е фотографирана пред зафатот, а лево 16 месеци подоцна.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар