Мрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна недела

Во последниве неколку години има голем број истражувања за врската помеѓу мрзливото однесување (што вклучува седење на каучот, гледање телевизија или користење компјутер по цел ден) и сериозните здравствени проблеми, како срцевите заболувања, дијабетесот, дебелеењето, како и некои типови рак.

Имајќи го тоа на ум, едно ново истражување ни открива и дека седењето цел викенд на каучот може да биде полошо за вашата тежина од работењето во седечка позиција цела недела.

Мрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна недела

Според резултатите, луѓето во просек консумираат помалку храна и се хранат поздраво во текот на работните денови. Затоа можат да поминат со помалку активности за време на овие денови, бидејќи диетата им го овозможува ова. За време на викендите, луѓето јадат повеќе, што значи дека ова однесување бара поголема активност или помалку мрзливи активности за да се балансира влијанието на храната.

За истражувањето биле испитани 332 возрасни личности, на возраст од 20 до 35 години и нивната неактивност во период од десет дена. Учесниците исто така ги навеле нивните активности во текот на работните денови и за време на викендот. Во прилог, тие ја мереле нивната тежина и телесни маснотии на секои три месеци во текот на една година.

Од резултатите, просечното време кое го поминувале во седечка позиција, не се разликувало многу за време на викендите во споредба со работните денови. Многу од луѓето имале професии кои ги работат во седечка позиција, како канцелариската работа, но тие не надоместувале за својата неактивност за време на викендите. Ова сугерирало дека начинот на исхрана придонесува кон нездравиот живот.

Важно е да се направи разлика помеѓу вистинското вежбање и помалку време поминато во седење на каучот. Дури и 20-минутното редуцирање на времето поминато на каучот во сабота и недела може да придонесе за намалување на тежината за повеќе од 2 килограми во текот на 1 година.

Тоа значи дека за поздрав начин на живот не мора да вежбате или да одите во теретана, туку едноставно за време на паузата помеѓу два филма или ТВ серии, прошетајте 20-тина минути низ соседството или направете неколку едноставни јога вежби за истегнување. Вашето тело ќе ви биде благодарно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар