Положба на прстите која може да ве смири и веднаш да ве врати во рамнотежа

Досега имавме можност да откриеме неколку мудри со чија помош можевме да си помогнеме за најразлични видови проблеми. Но, со помош на оваа мудра за смирување, позната како „Yoni Mudra“, вие можете многу лесно да се справите со стресните денови и да го смирите целиот ваш нервен систем, а со тоа и да ја смирите психолошката напнатост.

Положба на прстите која може да ве смири и веднаш да ве врати во рамнотежа

Сите ние поминуваме низ тешки денови, а неретко доживуваме и толку големо количество стрес што едноставно не знаеме како да се справиме со него. Добиваме информации кои го бомбардираат целиот наш систем и нè спречуваат да функционираме нормално. Но, благодарение на оваа мудра, вие можете да се дистанцирате од буката и хаосот кои владеат во надворешниот свет и да се повлечете во мирот на вашиот сопствен ум.

Оваа мудра се користи во оние моменти кога ви се потребни мир и тишина. Самото нејзино име во превод значи „матка“, бидејќи исто како што бебето во матката нема контакт со надворешниот свет, така и вие ќе најдете простор во вашиот ум каде што владее тишината. Вежбањето на оваа мудра ќе го смири целиот ваш нервен систем, а со тоа скоро инстантно ќе ја намали и вашата психичка напнатост.

Седнете во удобна позиција и исправете ги грбот и главата. Поставете ги дланките и прстите како на сликата погоре и почнете да дишете лесно и длабоко сè додека не почувствувате подобрување. Оваа мудра помага и во телото да се активира јин енергијата, која инаку се наоѓа во стомакот, поточно во делот на соларниот плексус, во центарот Хара. Таа исто така ќе ви помогне и целата оваа енергија да се насочи кон телото, наместо да се распрска на сите страни, резултирајќи со многу пофокусиран ум од претходно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар