Можете ли да го решите овој едноставен математички проблем што го збуни Интернетот?

Сигурно понекогаш посакувате да се вратите во времето кога сте оделе во основно училиште и единствените проблеми ви биле дружењето со другарчињата и петките на тестовите. Но, колку и да ви делува едноставен тој период од животот, мора да признаете дека некои од математичките задачи навистина знаеле да ви предизвикуваат проблеми.

Можете ли да го решите овој едноставен математички проблем што го збуни Интернетот?

Еден од нив е и следниов математички проблем што ги збуни учениците, родителите и целиот виртуелен свет. Можете ли да го решите вие? Проблемот гласи вака:

„Јана има 15 џамлии. Изгубила неколку. Колку џамлии има Јана сега?“

Збунетите ученици најчесто не ја решаваат оваа задача, а најверојатно и вие не би знаеле што да одговорите. Лесно би било кога задачата би гласела: „Јана има 5 списанија. Сестра ѝ земала 2. Колку списанија има Јана сега?“.

Па, што значи ова „неколку“? Како би ја решиле вие оваа задача? Размислете и обидете се да дојдете до вистинскиот одговор. Доколку не можете да се сетите, погледнете го решението кое е многу поедноставно одошто мислите.

  • Решение

    Одговорот гласи „Јана сега има помалку од 15 џамлии“.

Успеавте да ја решите задача? Доколку успеавте, честитки! Тоа е навистина импресивно! Но, не очајувајте доколку не се сетивте на одговорот, бидејќи не сте единствени. Сите ние понекогаш непотребно ги комплицираме работите и така се оддалечуваме од вистинското решение на проблемот. Зошто да биде просто, кога може да биде сложено, се согласувате?

Подготвени сте за уште еден предизвик? Обидете се да го решите и овој математички проблем кој зачуди илјадници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар