Сексуална терапевтка открива кој е најчестиот проблем што паровите го имаат во креветот

Сексуална терапевтка открива кој е најчестиот проблем што паровите го имаат во креветот

Нан Вајз е сексуална терапевтка и когнитивен научник која го проучувала сексот од сите аспекти уште од 80-тите години на минатиот век.

Како терапевтка чиј фокус е на сексот и проблемите кога станува збор за истото, таа забележа дека најчестиот проблем со кој се справуваат паровите по првичната екстаза во врската е проблемот на несовпаѓање на либидото и сексуалните желби. Она што доведува до овој проблем е тоа што луѓето на почетокот на врската, кога страстите се разгоруваат и се на највисоко ниво, не забележуваат разлики во желбите. Откако сексуалните желби ќе се намалат, паровите почнуваат да ги забележуваат овие разлики и тогаш се појавуваат проблеми. За да се избегнат проблемите создадени од несовпаѓање на либидото, д-р Вајз препорачува решавање на проблеми од повеќе насоки.

Сексуална терапевтка открива кој е најчестиот проблем што паровите го имаат во креветот

Како да се реши проблемот со несовпаѓање на сексуалните желби?

Пред сè, откријте што ве возбудува за да можете да го приближите до вашиот партнер. Но, не заборавајте да истражувате и да ги барате желбите на вашиот партнер. Понекогаш паровите откриваат дека едниот од нив сака погруб секс додека другиот ужива во понежниот секс. За да најдете средно решение или да пробате некои нови работи, треба да имате отворена и искрена комуникација. Не срамете се да кажете што сакате да чувствувате во сексот. Исто така, не заборавајте да бидете искрени кога станува збор за други прашања.

Понекогаш вашиот сексуален живот страда од тоа што не зборувате за некои други работи што ве мачат со вашиот партнер. На пример, постојаното оставање валкани садови и алишта може да резултира со лутина што на крајот ќе ве одврати од вашиот партнер дури и кога станува збор за интимност. И за крај, не заборавајте да го истражувате сопственото тело. Мастурбацијата е сосема нормална работа во врските и честопати е најдобриот начин да ги откриеш сопствените желби.

Прочитајте што открива омилената боја за вашето либидо?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар