Фенг шуи: Правила за уредување на влезот во домот

Главниот влез во вашиот дом е место каде се создаваат првите впечатоци. На пример, кога одите на одмор, првите мисли ви поминуваат низ главата веднаш штом застанете пред влезот на хотелот. Набљудувате дали зградата е одржувана, како е уредена околината, правите цела низа проценки. Во тој момент, се чувствува чувство на задоволство или разочарување од изборот. Кога гледате дрвја и разнобојни цвеќиња на самиот влез, вие сте задоволни дури и пред да влезете.

Фенг шуи: Правила за уредување на влезот во домот

На ист начин, вашиот дом ве поздравува вас, вашите гости и сите идни „можности“. И вашата цел треба да биде да ги пречекате сите овие „можности“ со убавина, среќа и удобност.

Додека „можностите“ чекаат да им ја отворите вратата, дајте им цела низа причини да генерираат позитивни мисли за вас. Создадете дом што сјае и се издвојува од толпата.

За да го постигнете ова, прочитајте подолу седум практични и едноставни фенг шуи совети за украсување на влезот во вашиот дом кои ќе ви овозможат одличен прв впечаток и ќе донесат позитивна енергија и неограничен број можности.

1. Ако живеете во куќа, исчистете го нередот во дворот за да дозволите енергија да тече во домот. Направете го истото на влезот во станот.

2. Додајте бои на влезната страна. Црвената боја е фенг шуи боја на просперитет и изобилство, а зелената е боја на природата и парите.

3. Ставете високо, здраво растение од двете страни на влезната врата. Растенијата не смеат да го блокираат влезот.

4. Закачете бели светилки пред влезната врата за да привлечете златни можности во вашиот дом.

5. Ако сте во куќа, фонтана за вода поставена на десната страна од вратата ќе ви донесе среќна енергија секогаш кога ќе се отвори вратата.

6. Статуа на влезот, на пример, керамички ангел или некој друг детаљ кој ќе донесе стабилност и заштита во вашиот дом.

7. И за крај, купете шарен килим што само ќе ја зголеми љубовта на вашите гости кон вас.

Прочитајте и како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар