Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи?

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи?

Со помош на фенг шуи може совршено да ја уредите трпезаријата за секој член од семејството да се чувствува радосно и смирено.

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

При украсување на вашата трпезарија, првенствено треба да користите 2 бои: црвена – што ќе ви овозможи среќа и златна – која пак ќе ви овозможи успех во материјалната сфера. Користете ги овие бои не само кога ги бојадисувате sидовите, туку и при изборот на мебел, чаршави или украси. Меѓу важните нешта што треба да се најдат во трпезаријата се: аквариум (сина боја), кој според принципите на фенг шуи, е симбол на богатството (затоа може да се најде аквариум во скоро секој ресторан, стан или хотел во Кина) и растение во саксија (зелена боја) – што ќе му обезбеди здравје на вашето семејство и ќе го заштити од болести.

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Може да ги користите и следниве бои:

  • црвена – оган;
  • бела – вода;
  • жолта – земја;
  • зелена – дрво;
  • црна – метал.

Изберете бои што им одговараат на вашите тековни потреби. Елементите не мора секогаш да бидат избалансирани на масата. Ако чувствувате недостаток на енергија, користете повеќе црвена, а ако ви треба релаксација – одберете жолта боја.

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Дури и формата на масата е многу важна затоа што:

  • тркалезната маса го промовира разговорот и јадењето храна во група;
  • квадратната маса, од друга страна ја симболизира Земјата и е помалку погодна за креативни активности.

Најдобро е да се постави маса во средината на собата. Исто така, запомнете дека трпезаријата треба да биде многу добро осветлена. Исто така, мора да се обезбеди соодветно струење на воздухот. Доколку не се исполнат овие услови, ќе биде невозможно да се обезбеди соодветна „чи-енергија“. Поставете рамномерен број столови покрај масата, па ова ќе обезбеди среќа во вашиот дом. Запомнете дека треба да имате само толку столови колку што има луѓе во семејството. Празниот стол предизвикува негативна енергија. Ниту еден стол не треба да се свртува накај вратата.

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Осветлување

Најдобро ќе биде ако во трпезаријата овозможите максимална количина сончева светлина. Затоа изберете соба со многу прозорци. Алтернативно, можете да поставите огледала веднаш до прозорците, што навидум ќе ја зголеми количината на природна светлина во вашата трпезарија.

Светлата во специфични елементарни бои, исто така, ќе бидат добра идеја. Тие ќе ви дадат мир и радост и ќе ви ја зајакнат енергијата. Моќните и сјајни светла, од друга страна, ќе ви го зајакнат „ијанг“ дејството и ќе ви овозможат енергија, добро расположение и страст.

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи

Можеби сакате да прочитате и овие совети од фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар