Совети од фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот

Фенг шуи не се однесува само на распоредот на предметите во домот, туку и на вашиот однос кон животот. Во деловите од домот во кои најчесто ги извршувате работите поврзани со финансиите употребувајте живи бои. Според експертите за фенг шуи, најдобрите бои за ова се зелената и виолетовата.

Совети од Фенг шуи што ќе ви помогнат да привлечете повеќе пари во вашиот живот

Зелената е боја на виталноста и созревањето, а виолетовата го претставува богатството. Во вашата кујна поставете чинија со грозје, а најдобро е ако комбинирате бело (зелено) и црно (виолетово). Кога ќе помине сезоната на овошјето, можете да го замените природното со реплика од дрво или стакло.

Еден од најважните совети од фенг шуи е внимателното ракување со парите. Многу од нас имаат обичај да ги гужваат парите во паричниците и џебовите, или да ги оставаат на разни места низ домот. Кога ќе почнете да ги запоставувате парите, и тие ќе почнат да ве запоставуваат вас. Поради ова секогаш чувајте ги парите внимателно, а сметките чувајте ги во убави пликови или пластични кутии со живи бои. Исто така чувајте ги на левата страна од работната маса, местото каде што треба да се наоѓаат и парите во работниот простор.

Парите се како енергија која не само што е важно да ја имате, туку важно е и да протекува низ вашиот живот. Ако немате доволно пари за подарување или трошење, сигурно можете да подарите дел од вашето време или внимание.

Поради ова секоја вечер одвојувајте по неколку минути за да се заблагодарите за она што го имате, како и за да размислите што би можеле да им подарите на другите. Богатството не е секогаш да добиете или да имате повеќе, туку и да ја најдете позитивната страна на она што веќе го имате. Кога ќе бидете благодарни за нештата што ги имате, животот ќе ви „прати“ повеќе пари, а истовремено ќе се чувствувате многу позадоволно.

Погледнете и кои се предметите и растенијата во вашиот дом што предизвикуваат кавги и сиромаштија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар