Доколку сте пушач, овие намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови

Доколку сте пушач, овие намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови

Најдобриот начин да ги исчистите белите дробови е да се откажете од цигарите. Но, ова е многу потешко да се направи отколку да се каже. За среќа постојат неколку намирници со кои ќе ја намалите штетата направена од цигарите.

Доколку сте пушач, овие намирници ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови

Сите знаеме дека пушењето е штетно за здравјето и дека го зголемува ризикот од рак на белите дробови. Но, некои истражувања покажале дека одредени намирници можат да го подобрат здравјето на белите дробови, па доколку сте пушач би било добро да ги вметнете во вашата исхрана.

Во истражувањето учествувале 680 луѓе кои ги откажале цигарите, луѓе кои сè уште пушат и луѓе кои никогаш не пушеле цигари. Тие имале задача да одговараат на прашања во врска со нивниот начин на исхрана.

На сите испитаници им бил измерен капацитетот на белите дробови, односно нивниот волумен и брзината на протокот на воздухот низ дишните патишта при вдишување и издишување. Истиот тест бил направен и 10 години подоцна.

Резултатите покажале дека пушачите кои консумирале многу јаболка, банани и домати имале помало оштетување на белите дробови во текот на тој период. Научниците изјавиле дека причината е тоа што овие намирници се богати со антиоксиданси кои ги намалуваат воспаленијата на дишните органи, го подобруваат здравјето на белите дробови и помагаат во обновувањето на оштетеното ткиво од долгогодишното пушење.

Погледнете ги и другите видови храна со коишто можете да ги прочистите вашите бели дробови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар