Луксузно кино за љубителите на добриот филм

Луксузно кино за љубителите на добриот филм

Најголемиот синџир на кино сали во Латинска Америка, „Cinepolis“ неодамна го отвори својот прв театар на територијата на САД. Некогашната кино сала на „UltraStar Cinema“ во Дел Мар, Калифорнија е тотално трансформирана и не наликува воопшто на претходната. Инвестицијата тешка 7 милиони американски долари донесе неверојатно луксузен изглед. Отсега секој посетител на оваа кино сала ќе може да ужива на неверојатно удобна кожна фотелја, совршено озвучен простор, HD и 3D технологија и што е најважно, ќе има доволно простор да си ги оптегне нозете.
Луксузно кино за љубителите на добриот филмПокрај удобностите кои ќе ги добиете од максималниот комфор, во кино салата ќе добиете и неверојатно професионална угостителска услуга. Со едноставно притискање на копче, можете да повикате келнер и да одберете некој коктел, чаша добро вино, лесна храна, клуб сендвичи, овошје или пак традиционалните пуканки и бонбони. Сигурно си мислите дека овој рај е достапен само за оние со длабок џеб, но тука грешите. За да го добиете овој третман и за да уживате во оваа кино сала, треба да платите само 19,5 американски долари, што не е голема разлика од стандардните кино карти во САД.Луксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филмЛуксузно кино за љубителите на добриот филм
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Кате Reply

    Аххх… Рај за моите очи 🙂

  2. Мона Reply

    Баш рај 🙂

Напиши одговор на Кате Откажи одговор