Најпродаваните автомобили во земјите ширум светот

Најпродаваните автомобили во земјите ширум светот

Овој интересен график е направен со податоци кои датираат од крајот на 2010 година. Можеби не се добиени некои неочекувани резултати, но сепак интересно е да се погледне која кола е најпродавана во повеќето земји од светот. Нормално, во земјите каде што се произведува некој бренд, таму со сигурност е автомобилската марка е и најпродавана, па така во Италија владее „Фиат“, во Франција „Пежо“, во Германија „Фолксваген“, во САД „Форд“ и така натаму. Нашата земја ја нема на оваа мапа, а од земјите од балканските простори, во Србија владее „Фиат Пунто“, во Босна и Херцеговина „Шкода Фабија“, во Словенија „Рено Клио“, и во Бугарија „Форд Фиеста“. Што мислите вие која кола е најпродавана во Македонија?

Најпродаваните автомобили во земјите ширум светот
Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2567x1706)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.