10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Според едно истражување, највалканото место во домот е кујната, а најлошиот дел е „безопасниот“ сунѓер за садови. Додека се грижите за вашиот удобен дом, најчесто го правите тоа интуитивно, како што се чистењето на прозорците на сончев ден или поставувањето на тоалетната хартија така што хартијата да доаѓа одоздола. Но, некои постапки резултираат со залудно вложен труд или со некои сериозни хигиенски грешки. Во продолжение погледнете кои работи низ куќата ги правите на погрешен начин.

1. Пластични рачки на вратите

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Денес постојат разновидни импресивни рачки за врати, така што секој може да избере според својот вкус. Но, кога станува збор за материјалите од кои се направени рачките на вратите, навистина е важно да се избере оној што ќе биде најхигиенски.

Оние што се изработени од месинг се сметаат за најбезбедни бидејќи овој материјал е добро познат по својата способност за самодезинфекција и ги убива бактериите и вирусите. Не’рѓосувачкиот челик и пластиката се сметаат за најдобриот дом за бактерии.

2. Чистење прозорци на сончев ден

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Чистењето на прозорците на сончев ден не е многу добра идеја. Подобро е да ја одложите оваа задача за некој мрачен и облачен ден.

Исто како и миењето на вашиот автомобил, чистењето на прозорците најверојатно ќе се претвори во хаос затоа што топлината од сонцето ќе ги исуши прозорците брзо и ќе се појават дамки, па целата ваша напорна работа ќе буде залудна.

3. Ставање на тоалетната хартија „под“ наместо „над“

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Луѓето многупати дебатираа за правилното поставување на тоалетната хартија. Анкетите покажуваат дека бројот на обожаватели на позицијата „над“ е поголем од оние на „под“, па дури и пронаоѓачот на ролната тоалетна хартија отсекогаш сугерирал да се поставува така што хартијата ќе се движи над ролната отколку под неа.

Образложението за ова е дека внатрешната страна на хартијата не доаѓа во контакт со ѕидовите кои се плодна почва за бактерии.

4. Соблекување на чевлите во вашиот дом

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Вообичаено е во многу култури да ги соблечете чевлите пред да влезете во домот. Хигиенската позадина на традицијата да се отстранат чевлите надвор пред да влезете во вашиот дом е едноставна: не ги пренесувате нечистотијата и калта на подовите и на килимите во вашиот дом. Исто така, чевлите се совршен дом за заразни бактерии и со соблекување на чевлите пред да влезете во вашиот дом, вие всушност се заштитувате себеси и членовите на вашето семејство од разни болести.

5. Бришете прашите откако ќе изметете со правосмукалка

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

За некои луѓе, ова е логичен редослед. Сепак, подобро е да ја избришете прашината пред да метете со правосмукалка за да можете подоцна да ги исчистите со правосмукалка честичките што лебдат и што паѓаат на подот. Покрај тоа, самото бришење прашина треба да се изврши правилно: почнувате од повисоките површини и се движите надолу кон пониските. На овој начин, прво ќе го отстраните најголемиот дел од прашината и потоа ќе можете да ја соберете останатата прашина со правосмукалка.

6. Движење на четката на правосмукалката само во една насока

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Главната грешка што ја правите со правосмукалката е движењето само во една насока или брзото движење напред-назад. Ниту едно од овие движења нема да ви помогне да постигнете најдобри резултати додека чистите.

Професионалците за чистење сугерираат да ја движите четката во двете насоки, но со ред: прво, ја движите четката напред и со неа стигнувате до крајот на редот. Потоа се враќате во истиот ред собирајќи ја преостанатата прашина. Користејќи ја оваа техника, можете лесно и ефикасно да ја исчистите целата просторија со правосмукалка.

7. Ги тргате завесите кога надвор е сончево

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Сончевата светлина во вашиот дом може да придонесе да се чувствувате пријатно. Но, УВ-зраците и сончевата светлина ги оштетуваат теписите и мебелот и тие избледуваат. Најлесен начин да го заштитите мебелот е да не биде изложен на директна сончева светлина во вашата куќа. Ако не сакате да го преуредувате вашиот мебел, не тргајте ги завесите или не подигнувајте ги ролетните кога надвор е сончево.

8. Поставување на чергичето пред вратата во погрешна положба

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Чергичето пред вратата служи како дополнителна бариера што ја спречува нечистотијата да влезе во вашиот дом. Додека го преминувате прагот, многу нечистотија останува на него од вашите чевли. Ако го поставите чергичето по должина, а не по ширина, ќе мора да направите повеќе чекори по него за да стигнете до влезот и на него ќе остане поголемиот дел од нечистотијата.

9. Бришење прашина под вештачки светлина

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Честичките прашина полесно се гледаат на природна светлина и веројатно сте го забележале тоа додека гледате во зракот светлина со честички од прашина што „танцуваат“ во него. За да можете да ги видите нечистите области и прецизно да ги исчистите, треба да го правите тоа на природна светлина. Вештачката светлина нема да ви обезбеди јасна слика за валканите површини и можеби ќе треба повторно да бришете прашината откако ќе ги видите резултатите следното утро.

10. Чистење на рамките на прозорецот откако ќе ги исчистите стаклата

10 грешки во домаќинството што го прават вашиот дом неудобен

Додека ги чистите прозорците, треба да знаете дека стаклата на прозорците содржат најмногу нечистотија. Првиот чекор не е чистење на прозорецот, туку отстранување на целата прашина и нечистотија од рамките на прозорецот, а потоа следува чистење на стаклото со средство за чистење. Ако ги направите постапките по обратен редослед, нечистотијата од рамката ќе се залепи на свежо исчистеното стакло и ќе мора да го чистите повторно.

Прочитајте како да се ослободите од пајаците и од нивните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар