Колачиња со путер од кикиритки кои станаа многу популарни на социјалните мрежи

Постои љубов кон целата храна, а потоа има и љубов кон десертите. Без разлика дали станува збор за чоколадна торта или некои колачиња – има толку многу десерти кои може да се испробаат, а толку малку време! Меѓутоа, ако барате десерт кој можете да го направите многу брзо, го најдовме рецептот за вас.

Колачиња со путер од кикиритки кои станаа многу популарни на социјалните мрежи

Потребни состојки:

  • 80 г путер од кикиритки
  • 2 големи јајца
  • 120 г кафеав шеќер
  • 220 г брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 300 г бони топ бомбони или М&М

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го путер од кикирики со јајца и мешајте додека не се изедначат, а потоа додадете шеќер.
  2. Потоа ставете ја смесата во брашното и месете додека не се формира густо тесто.
  3. Ставете ги бомбоните, формирајте колачиња во форма по избор, а потоа печете во рерна на 160 степени за 25 минути.

Погледнете ги овие чоколадни колачиња кои се новиот Инстаграм тренд, а гарантирано ќе го подобрат и вашето расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар